Тогаш Исус му проповедаше на народот и на учениците Свои, говорејќи: „На Мојсеевото седиште седнаа книжниците и фарисеите. Затоа, сѐ што ќе ви кажат пазете и извршувајте; а според делата нивни не постапувајте, зашто тие говорат, но не извршуваат; врзуваат бремиња тешки и мачни за носење и ги клаваат врз плеќите на луѓето, а сами не сакаат ни со прст да ги помрднат. И сите свои дела ги прават за да ги видат луѓето; ги прошируваат своите записи и ги продолжуваат ресите на својата облека; сакаат прво место на гозбите и предни места во синагогите, и поздрави по улиците, и да ги викаат луѓето ‚Рави!‘ А вие немојте да се нарекувате ‚Рави‘, зашто еден е вашиот Учител – Христос, а вие сте сите браќа. И никого на земјата не викајте го свој Татко, зашто еден е вашиот Татко – Оној Небесниот; и водачи немојте да се именувате, зашто еден е вашиот Водач – Христос. Но, најголемиот меѓу вас да ви биде слуга; зашто, кој се воздигнува, ќе биде понизен; а кој се понизува, ќе биде воздигнат.“
Прочитај Матеј 23
Слушај Матеј 23
Сподели
Спореди ги сите верзии: Матеј 23:1-12
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа