Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Матеј 21:23-32

Матеј 21:23-32 MK2006

И кога дојде Тој во храмот и по­у­чу­ваше, пристапија кон Него прво­свеш­те­ниците и старешините народни и рекоа: „Со каква власт го правиш тоа и кој Ти ја дал таа власт?“ А Исус им одговори и рече: „И Јас ќе ве прашам нешто. Па, ако Ми одго­во­рите, и Јас ќе ви кажам со каква власт го правам тоа. Крштавањето Јованово од каде беше: од небото или од луѓето?“ А тие размислуваа меѓу себе и велеа: „Ако ка­жеме – од небото, ќе ни рече: ‚Па зошто не му поверувавте?‘ А ако речеме: – од луѓето, се пла­шиме од народот, зашто сите го сметаа Јован за пророк.“ И, одговарајќи Му на Исус, рекоа: „Не знаеме.“ А Тој им рече: „Ни Јас не ви кажувам со каква власт го правам тоа.“ „Што мислите за ова? Еден човек имаше два сина; па отиде кај првиот и му рече: ‚Сине, оди денес да работиш во моето лозје!‘ Тој одговори и рече: ‚Не сакам!‘ но потоа се покаја и отиде. Дојде и кај вториот, и му го рече ис­тото. Тој одговори и рече: ‚Ќе отидам, господаре.‘ Но не отиде. Кој од двајцата ја исполни татковата волја?“ Му одговорија: „Првиот.“ То­гаш Исус им рече: „Вистина ви велам дека цариниците и блудниците ќе ве испреварат во царството Божјо: зашто дојде кај вас Јован по патот на праведноста и вие не му поверувавте, а цариниците и блудниците му поверуваа; вие, пак, иако видовте, не се предомисливте отпосле за да му поверувате.“