Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Матеј 20:20-28

Матеј 20:20-28 MK2006

Тогаш пристапи до Него мајката на Заведеевите синови, заедно со своите синови и, поклонувајќи Му се, Го мо­ле­ше нешто. А Тој ѝ рече: „Што бараш?“ Таа Му одговори: „Заповедај овие мои два сина да седат до Тебе, едниот од десно, а другиот од лево во Твоето царство!“ Исус одговори и им рече: „Не зна­ете што барате! Можете ли да ја пиете чашата што ќе ја пијам Јас; или да се крстите со крштавањето со кое се крш­тавам Јас?“ Тие Му одговорија: „Мо­же­ме.“ И им рече: „Чашата Моја ќе ја пи­е­те, и со крштавањето, со кое се кршта­вам Јас, ќе се крстите, но да се седи на Мојата десна или лева страна, тоа не за­виси од Мене; таму ќе седнат оние за кои е подготвено од Мојот Отец.“ И десетте, штом го чуја тоа, негоду­ваа против двајцата браќа. Но Исус ги повика и им рече: „Зна­ете дека кнезовите народни владеат над народите, и управниците господарат над нив; меѓу вас, пак, нека не биде така; а кој меѓу вас сака да биде поголем, нека ви биде слуга; и кој сака меѓу вас да биде прв, нека ви служи; како што и Синот Човечки не дојде да Му служат, туку дојде да послужи и да го даде животот Свој за откуп на мно­зина.“

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност