Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Матеј 20:20-28

Матеј 20:20-28 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

Тогаш кај Исус дојде мајката на Завдаевите синови, заедно со своите двајца синови, Јаков и Јован, клекна пред Него и Го замоли за една услуга. „Што сакаш?“ ја праша Исус. „Дај им на моиве два сина почесни места од Твојата десна и лева страна во Твоето царство“ Му рече таа. Исус им се обрати на двајцата нејзини синови и им рече: „Не знаете што барате. Ќе можете ли да пиете од чашата на Моите страдања, од која Јас ќе пијам?“ А тие Му одговорија: „Ќе можеме!“ „Добро, и вие ќе пиете од Мојата чаша им одоговори Исус но Јас не можам да одредам кој ќе седи од Мојата десна страна, а кој од левата. Тие места им припаѓаат на оние за кои ги определил Мојот небесен Татко.“ Кога преостанатите десет ученици разбраа за ова, им се налутија на двајцата браќа. Тогаш Исус ги повика кај Себе сите заедно и им рече: „Знаете дека владетелите на овој свет владеат сурово над луѓето. Но, меѓу вас не треба да биде така. Напротив, ако некој сака да биде водач меѓу вас нека им служи на сите. Тој што сака да биде прв меѓу вас, нека ви биде слуга како што Јас, Синот Човечки, не дојдов за да Ми служат, туку Јас да им служам на луѓето и да го дадам Својот живот како откупнина за мнозина.“

Матеј 20:20-28 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

Тогаш пристапи до Него мајката на Заведеевите синови, заедно со своите синови и, поклонувајќи Му се, Го мо­ле­ше нешто. А Тој ѝ рече: „Што бараш?“ Таа Му одговори: „Заповедај овие мои два сина да седат до Тебе, едниот од десно, а другиот од лево во Твоето царство!“ Исус одговори и им рече: „Не зна­ете што барате! Можете ли да ја пиете чашата што ќе ја пијам Јас; или да се крстите со крштавањето со кое се крш­тавам Јас?“ Тие Му одговорија: „Мо­же­ме.“ И им рече: „Чашата Моја ќе ја пи­е­те, и со крштавањето, со кое се кршта­вам Јас, ќе се крстите, но да се седи на Мојата десна или лева страна, тоа не за­виси од Мене; таму ќе седнат оние за кои е подготвено од Мојот Отец.“ И десетте, штом го чуја тоа, негоду­ваа против двајцата браќа. Но Исус ги повика и им рече: „Зна­ете дека кнезовите народни владеат над народите, и управниците господарат над нив; меѓу вас, пак, нека не биде така; а кој меѓу вас сака да биде поголем, нека ви биде слуга; и кој сака меѓу вас да биде прв, нека ви служи; како што и Синот Човечки не дојде да Му служат, туку дојде да послужи и да го даде животот Свој за откуп на мно­зина.“

Матеј 20:20-28 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

Тогаш мајката на Заведеевите синови Му пристапи заедно со своите синови, поклонувајќи Му се, за да измоли нешто од Него. А Тој ѝ рече: „Што сакаш?“ Му одговори: „За-поведај овие мои два сина да седнат, едниот до Твојата десна, а другиот до Твојата лева страна, во Твоето Царство!“ А Исус одговори и рече: „Не знаете што барате! Можете ли да ја пиете чашата, што ќе ја пијам Јас, или да се крстите со крштавањето со кое се крштавам Јас.“ Му рекоа: „Мо-жеме.“ Им рече: „Мојата чаша ќе ја пиете; и со крштавањето, со кое се крштавам Јас, ќе се крстите; но да се седи од Мојата десна или лева страна, тоа не го давам Јас, туку ќе им припадне на оние, за кои Мојот Татко го приготвил.“ И кога го чуја тоа десетмината, се налутија на двата брата. А Исус ги повика и рече: „Знаете дека владетелите на народите господарат над нив и дека големците ги угнетуваат. Нека не биде така меѓу вас! Туку, кој сака да биде голем меѓу вас, нека ви биде слуга! И кој сака да биде прв меѓу вас, нека ви биде слуга; како што Човечкиот Син не дојде да Му служат, туку да служи и да ја даде Својата душа за откуп на мнозина.“

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност