„Зашто царството небесно прилега на домаќин, кој излегол наутро рано да изнајми работници за своето лозје. Па, штом се спогоди со работниците по денариј на ден, ги прати во лозјето свое. Потоа, кога излезе околу третиот час и виде други како стојат на пазариштето без работа, им рече: ‚Одете и вие во моето лозје, па што е право, ќе ви дадам.‘ И тие отидоа. Пак излезе околу шестиот и деветтиот час и направи исто. А околу единаесеттиот час одново излезе и најде други, како стојат без работа, и им рече: ‚Зошто стоите тука цел ден без работа?‘ Тие му одговорија: ‚Никој не нѐ повика.‘ А тој им рече: ‚Одете во моето лозје.‘ (И што е право ќе добиете.) А кога се стемни, господарот на лозјето му рече на својот настојник: ‚Повикај ги работниците и плати им, почнувајќи од последните па до првите.‘ И дојдените околу единаесеттиот час добија по денариј. А кога дојдоа првите, помислија дека ќе примат повеќе; но и тие добија по денариј; и штом добија, негодуваа против господарот и велеа: ‚Оние последните работеа еден час, а ти ги изедначи со нас, што ја претрпевме тежината на денот и жегата.‘
Прочитај Матеј 20
Слушај Матеј 20
Сподели
Спореди ги сите верзии: Матеј 20:1-12
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност
Дома
Библија
Планови
Видеа