Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Матеј 19:23-30

Матеј 19:23-30 MK2006

А Исус им рече на учениците Свои: „Вистина, ви велам, богат мачно ќе влезе во царството небесно; и уште ви велам: полесно ѝ е на ка­милата да мине низ иглени уши, от­кол­ку на богатиот да влезе во царството Божјо.“ Кога го чуја тоа учениците, многу се зачудија и рекоа: „Тогаш кој може да се спаси?“ Исус, ги погледна и им рече: „За луѓето тоа не е можно, но за Бога сѐ е можно.“ Тогаш Петар одговори и Му рече: „Ете, ние оставивме сѐ, и по Тебе оди­ме: што ќе стане, со нас?“ А Исус им рече: „Вистина ви велам дека вие што врвите по Мене, во новиот свет, кога Синот Човечки ќе седне на престолот на славата Своја, ќе седнете и вие на дванаесет престоли и ќе судите над дванаесетте Израелови колена; и секој што ќе остави куќа, или брат, или сестра, или татко, или мајка, или жена, или деца, или ниви, заради Моето име, ќе наследи стопати повеќе и ќе до­бие живот вечен. Но мнозина први ќе бидат последни, а последните први.“