И ете, еден човек, кога пристапи до него, Му рече: „Учителе добар, какво добро треба да направам за да имам живот вечен?“ А Тој му одговори: „Зошто Ме нарекуваш добар? Само Еден е добар. А ако сакаш да влезеш во животот, запазувај ги заповедите.“ Тој Му рече: „Кои?“ А Исус одговори: „Не убивај, не прељубодејствувај, не кради, не сведочи лажно; почитувај ги татка си и мајка си; сакај го ближниот свој како себеси!“ Младиот човек Му рече: „Сето тоа сум го запазил уште од детството; што ми е уште потребно?“ Исус му кажа: „Ако сакаш да бидеш совршен, оди, продај го имотот свој и раздели го на сиромаси, и ќе имаш богатство на небото; па дојди и врви по Мене!“ Штом ги чу младиот човек овие зборови, си отиде нажален, бидејќи имаше голем имот. А Исус им рече на учениците Свои: „Вистина, ви велам, богат мачно ќе влезе во царството небесно; и уште ви велам: полесно ѝ е на камилата да мине низ иглени уши, отколку на богатиот да влезе во царството Божјо.“ Кога го чуја тоа учениците, многу се зачудија и рекоа: „Тогаш кој може да се спаси?“ Исус, ги погледна и им рече: „За луѓето тоа не е можно, но за Бога сѐ е можно.“
Прочитај Матеј 19
Слушај Матеј 19
Сподели
Спореди ги сите верзии: Матеј 19:16-26
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа