Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Матеј 18:15-35

Матеј 18:15-35 MK2006

„Ако згреши против тебе братот твој, оди и искарај го насамо; ако те послуша, си го придобил брата си; ако не те послуша, поведи со себе уште еден или двајца, па со устата на двајца или тројца сведоци нека се по­тврди секој збор; ако, пак, не ги послуша и нив, кажи ѝ на црквата; па, ако и црквата не ја по­слуша, тогаш нека ти биде тој како нез­набожец и цариник.“ „Вистина ви велам: сѐ што ќе св­р­зе­те на земјата, ќе биде сврзано и на не­бо­то; и сѐ што ќе разврзете на земјата, ќе би­де разврзано и на небото. Пак ви велам: ако двајца од вас се согласат на земјата да молат за нешто, што и да било, ќе им биде дадено од Мо­јот Отец небесен; зашто, каде се двајца или тројца собрани во Мое име, таму сум и Јас сре­де нив.“ Тогаш Петар пристапи кон Него и рече: „Господи, колкупати да му прос­там на брата си, кога ќе згреши против мене? До седумпати ли?“ Исус му одговори: „Не ти велам до седум, туку до седумдесетпати по се­дум.“ „Затоа царството небесно прилега на царот кој побарал да ја расчисти сметката со своите слуги. Кога почна да ја расчистува сметката, доведоа кај него еден што му дол­же­ше десет илјади таланти; па, бидејќи немаше со што да пла­ти, господарот негов нареди да го продадат него, и жена му, и децата негови, и сѐ што имаше, за да наплати. Тогаш тој слуга падна пред него на колена и му се поклонуваше говорејќи: ‚Господаре, стрпи се спрема мене и сѐ ќе ти платам.‘ А господарот на тој слуга се смилува, го пушти и му го прости долгот. Слугата, пак, штом излезе, најде еден од другарите свои, кој му должеше сто денарии, и кога го фати, го давеше и му велеше: ‚Врати ми го долгот!‘ Тогаш неговиот другар падна нич­кум пред нозете негови, го молеше и ве­леше: ‚Стрпи се спрема мене и сѐ ќе ти исплатам!‘ Но тој не сакаше, туку отиде и го фрли во затвор, додека не му го ис­пла­ти долгот. Другарите, пак, негови, кога видоа што се случи, многу се огорчија, па отидоа и му кажаа на својот господар за сѐ што се случи. Тогаш господарот негов го повика и рече: ‚Зол слуго, јас ти го простив це­лиот долг, зашто ми се молеше; не требаше ли и ти да се смилуваш над својот другар, како што се смилував и јас над тебе?‘ И се разгневи господарот негов, па го предаде на мачители, додека не му го исплати целиот долг. Така и Мојот Отец небесен ќе пос­тапи со вас, ако секој од вас не му прос­ти од срце на брата си.“