Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Матеј 15

15
Исус ги отфрла човечките обичаи
(Мк 7,1-13)
1Тогаш пристапија кон Исус ерусалимските книжници и фарисеи, велејќи: 2#2 Мојс 30,18-21; Лк 11,38; Гал 1,14; Кол 2,8„Зошто учениците Твои не го за­па­зуваат преданието на старите? Зошто не си ги мијат рацете кога јадат леб?“ 3А Тој им одговори и рече: „Па зо­што и вие ја престапувате Божјата за­повед заради вашето предание? 4#19,19; 2 Мојс 20,12; 21,17; 3 Мојс 20,9; 5 Мојс 5,16; Мк 7,10; Лк 18,20; Ефес 6,2Зашто Бог заповедал и рекол: ‚По­читувај ги татко си и мајка си‘, и ‚кој го­вори лошо против таткото свој или мај­ка си, со смрт да се казни‘. 5А вие велите: ‚Ако некој му рече на татка си или на мајка си: она, со што би можел да се ползуваш од мене, е ветено за Господ‘, 6тогаш тој може да не го почитува својот татко или својата мајка! Така ја нарушивте заповедта Божја заради ва­шето предание! 7#6,2; 23,13Лицемери, добро пророкувал за вас Исаија, велејќи: 8#Ис 29,13#12,34; Пс 78,36-37‚Овој народ се приближува до Мене со устата своја и со усните Ме по­чи­ту­ва, а срцето негово стои далеку од Ме­не; 9#5,20; Кол 2,22но напразно Ме почитува, зашто про­поведа човечки повелби.‘“
Што го осквернува човекот?
(Мк 7,14-23)
10И како ги повика луѓето, им рече: „Слушајте и разберете! 11#12,34Не го осквернува човекот она што влегува во устата, туку она што излегува од устата, тоа го осквернува чо­ве­кот.“ 12Тогаш Неговите ученици Му се приближија и рекоа: „Знаеш ли дека фарисеите, штом го чуја тој збор, се соблазнија?“ 13#Ис 5,1-7; Лк 13,6-9; Јн 15,2А Тој, одговарајќи им, рече: „Се­ко­ја садница, што не ја насадил Мојот Отец небесен, ќе се искорне; 14#23,16.19.24; Лк 6,39; Рим 2,19оставете ги: тие се слепи водачи на слепи: а кога слеп води слеп, оба­та ќе паднат во јама.“ 15Петар, пак, Му одговори и рече: „Објасни ни ја оваа парабола.“ 16#Мк 4,13А Исус им рече: „Ама вие, уште ли не сфаќате? 17Уште ли не разбирате дека сѐ што влегува во устата, минува преку сто­ма­кот и се исфрлува надвор? 18А она што излегува од устата, иде од срцето и тоа го осквернува човекот; 19#Рим 1,29-30; 1 Кор 6,9-10; Гал 5,19-21; 1 Птр 4,3; Откр 21,8зашто од срцето излегуваат лоши помисли, убиства, прељубодејства, блудства, кражби, лажни сведоштва, хули; 20тоа го осквернува човекот. А ја­де­њето со неизмиени раце не го осквернува човекот.“
Верата на една Хананејка
(Мк 7,24-30)
21И кога излезе оттаму Исус, замина во земјата Тирска и Сидонска. 22#9,27; Мк 10,47-48; Лк 18,38-39И ете, една жена Хананејка, излезе од оние краишта, повика кон Него, ве­лејќи: „Смилувај ми се, Господи, Сине Давидов! Ќерка ми жестоко ја мачи демон.“ 23#Лк 11,8Но Тој не ѝ одговори ниту збор. И пристапувајќи до Него, учениците Не­гови Го молеа и велеа: „Отпушти ја, зашто вика по нас.“ 24#10,5-6А Тој одговори и рече: „Јас сум пратен само кај загубените овци на до­мот израелски.“ 25Но таа, кога пристапи, Му се поклони и велеше: „Господи, помогни ми!“ 26#7,6Тој, одговарајќи ѝ рече: „Не е добро да се земе лебот од децата и да се фрли на кучињата.“ 27#Лк 16,21Но таа Му рече: „Да, Господи, но и кучињата јадат од трошките што паѓаат од трпезата на нивните господари.“ 28#8,10.13Тогаш Исус одговори и рече: „О, жено, голема е твојата вера; нека ти би­де по желбата твоја!“ И во тој час оз­драве ќерката нејзина.
Исус исцелува многу народ
(Мк 7,31)
29 # Мк 7,31 Штом замина оттаму, Исус дојде кај Галилејското Море, се искачи на гората и седна таму. 30#11,5; 19,2; 21,14И дојде кај Него многу народ, кој имаше со себе куци, слепи, неми, фа­те­ни и многу други, и ги положија пред нозете на Исус, и Тој ги исцели, 31#8,3; 11,4-5; Мк 7,37така што народот се восхитуваше гледајќи како неми зборуваат, фатени оздравуваат, куци се движат и слепи прогледуваат и Го прославуваше Бога Израелов.
Исус нахранува над четири илјади души
(Мк 8,1-10)
32 # 9,36; 14,15 А Исус, кога ги повика учениците Свои, рече: „Жал ми е за луѓето, зашто три дни веќе стојат кај Мене и немаат што да јадат; да ги распуштам гладни, не би сакал, за да не премалеат по па­тот.“ 33#2 Цар 4,43Но учениците Негови Му рекоа: „Каде ќе земеме толку леб во пустинава за да нахраниме толку народ?“ 34#14,17-21; Мк 6,33-44; Лк 9,13-17; Јн 6,9-13Исус ги праша: „Колку лебови има­те?“ А тие одговорија: „Седум и не­кол­ку риби.“ 35Тогаш му заповеда Исус на народот да поседне по земјата. 36#1 Кор 11,24И земајќи ги седумте лебови и ри­би­те, благодари, ги прекрши и им ги да­де на учениците Свои, а учениците – на народот. 37#2 Цар 4,44; Пс 78,29; Мк 8,20И јадеа сите и се наситија; и кренаа останати парчиња: седум полни кош­ни­ци. 38А оние што јадеа беа четири илјади мажи, покрај жените и децата. 39Па, штом го распушти народот, влезе во кораб и пристигна во Маг­дал­ските предели.

Селектирано:

Матеј 15: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се