Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Матеј 13:33-58

Матеј 13:33-58 MK2006

И друга парабола им кажа: „Цар­ството небесно прилега на квасец, што го зема жена и го клава во три мери брашно, дури не скисне сето.“ Сето ова му го зборуваше Исус на народот во параболи и без параболи не им говореше ништо; за да се исполни реченото преку пророкот кој вели: „Со параболи ќе ја отворам устата Своја; ќе ги искажам тајните од создавањето на светот.“ Тогаш Исус го остави народот и влезе во една куќа. А учениците се приближија до Него и Му рекоа: „Про­тол­кувај ни ја параболата за каколот на нивата!“ А Тој им одговори и рече: „Сејачот на доброто семе е Синот Човечки. Нивата е овој свет; доброто семе – тоа се синовите на царството, а каколот – синовите на лукавиот. Непријателот, пак, што го посеа, е ѓаволот; жетвата е крајот на светот, а жетварите се ангелите. И така, како што се собира плевата и се гори во оган, така ќе биде и при крајот на овој свет. Ќе испрати Синот Човечки Свои ангели и ќе ги соберат сите при­чи­ни­те­ли на гревот од Неговото царство, и оние што вршат незаконски дела, и ќе ги фрлат во вжарена печка; та­му ќе има плач и крцкање со заби. Тогаш праведниците ќе заблескаат како сонце во царството на нивниот Отец. Кој има уши да слуша, нека чуе!“ „Царството небесно прилега уште и на богатство сокриено во нива, кое го нашол човек и прикрил, па, од радост за него, отишол и продал сѐ што имал, и ја купил таа нива.“ „Царството небесно прилега и на трговец, кој бара убави бисери; па, штом најде едно зрно скапоцен бисер, оди и продава сѐ што има и го купува.“ „Царството небесно прилега, исто така, и на мрежа, која се фрла во морето и уловува секакви риби; и кога ќе се наполни, ја извлекуваат на брегот и седнуваат, па добрите риби ги собираат во садови, а лошите ги фр­лаат. Така ќе биде и при крајот на светот: ќе излезат ангелите и ќе ги од­делат лошите од праведните, и ќе ги фрлат во вжарена печка: та­му ќе има плач и крцкање со заби.“ И ги праша Исус: „Дали го раз­брав­те сето ова?“ Тие Му одговорија: „Да, Господи!“ А Тој им рече: „Затоа секој книж­ник, кој се научил за царството небесно, прилега на домаќин што изнесува од своето сокровиште ново и старо.“ И, откако ги кажа Исус овие па­ра­боли, си замина оттаму. А штом дојде во Својот роден крај, го поучуваше народот во синагогите нивни. И сите се чудеа и велеа: „Од ка­де кај Него ваква мудрост и моќ? Нели е Овој син на дрводелецот? Мајка Му нели се вика Марија, и бра­ќа­та Негови – Јаков и Јосија, Симон и Ју­да? И сестрите Негови не се ли сите ме­ѓу нас? Од каде, пак, сето тоа кај Не­го?“ И се соблазнија заради Него. А Ис­ус им рече: „Нема пророк без чест, ос­вен во земјата негова и во домот негов.“ И не направи таму многу чуда поради нивното неверие.