Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Матеј 1:1-16

Матеј 1:1-16 MK2006

Книга за родословот на Исус Хрис­тос, син Давидов, син Авра­амов. Авраам го роди Исак, Исак го роди Јаков, а Јаков ги роди Јуда и неговите браќа; Јуда ги роди Фарес и Зара, со Та­ма­ра; Фарес го роди Есром, а Есром го ро­ди Арам; Арам го роди Аминадав; Аминадав го роди Наасон, а Наасон го роди Сал­мон; Салмон го роди Вооз со Раав; Вооз го роди Овид со Рута, а Овид го роди Је­сеј; Јесеј го роди царот Давид, а царот Да­вид со поранешната жена на Урија го роди Соломон; Соломон го роди Ровоам; Ровоам го ро­ди Авија, а Авија го роди Аса; Аса го роди Јосафат; Јосафат го ро­ди Јорам, а Јорам го роди Озија; Озија го роди Јоатам; Јоатам го роди Ахаз, а Ахаз го роди Езекија; Езекија го роди Манасија; Манасија го роди Амон, а Амон го роди Јосија; Јосија го роди Јехонија и браќата негови за време на преселувањето во Вавилон. А по вавилонското преселување Је­хонија го роди Салатиил, а Салатиил го роди Зоровавел; Зоровавел го роди Авиуд; Авиуд го роди Елијаким, а Елијаким го роди Азор; Азор го роди Садок; Садок го роди Ахим, а Ахим го роди Елиуд; Елиуд го роди Елеазар; Елеазар го роди Матан, а Матан го роди Јаков; Јаков го роди Јосиф, мажот на Ма­рија, од која се роди Исус, наречен Христос.