Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Лука 9:10-17

Лука 9:10-17 MK2006

А апостолите, кога се вратија, Му раскажаа што направиле. Тогаш ги зе­де, отиде насамо во пусто место до гра­дот, што се викаше Витсаида. Но народот штом разбра – тргна по Него. И кога ги прими, им зборуваше за царството Божјо, и ги лекуваше оние што имаа потреба од лекување. А денот почна да намалува. И се приближија до Него Дванаесетмината и Му рекоа: „Отпушти го народот да оди по околните села и колиби на ноќевање и да си најде храна; зашто овде сме во пусто место.“ Но Тој им рече: „Дајте им вие да ја­дат!“ Тие одговорија: „Ние немаме по­веќе од пет леба и две риби, освен ако отидеме и купиме храна за сите овие луѓе.“ А луѓето беа околу пет илјади. Но Тој им рече на учениците Свои: „Кажете им да поседнат во групи по педесет.“ И направија така, и ги поредија си­те. А Тој, кога ги зеде петте леба и две­те риби, погледна кон небото, ги бла­гос­лови, ги раскрши и им ги даде на уче­ни­ците за да ги стават пред народот. И јадеа, и се наситија сите; и кренаа од останатите парчиња дванаесет ко­ше­ви.

Video for Лука 9:10-17