Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Лука 9:10-17

Лука 9:10-17 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

А апостолите, кога се вратија, Му раскажаа што направиле. Тогаш ги зе­де, отиде насамо во пусто место до гра­дот, што се викаше Витсаида. Но народот штом разбра – тргна по Него. И кога ги прими, им зборуваше за царството Божјо, и ги лекуваше оние што имаа потреба од лекување. А денот почна да намалува. И се приближија до Него Дванаесетмината и Му рекоа: „Отпушти го народот да оди по околните села и колиби на ноќевање и да си најде храна; зашто овде сме во пусто место.“ Но Тој им рече: „Дајте им вие да ја­дат!“ Тие одговорија: „Ние немаме по­веќе од пет леба и две риби, освен ако отидеме и купиме храна за сите овие луѓе.“ А луѓето беа околу пет илјади. Но Тој им рече на учениците Свои: „Кажете им да поседнат во групи по педесет.“ И направија така, и ги поредија си­те. А Тој, кога ги зеде петте леба и две­те риби, погледна кон небото, ги бла­гос­лови, ги раскрши и им ги даде на уче­ни­ците за да ги стават пред народот. И јадеа, и се наситија сите; и кренаа од останатите парчиња дванаесет ко­ше­ви.

Лука 9:10-17 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

По извесно време, апостолите се вратија кај Исус и Му раскажаа за она што го беа направиле. Тогаш Тој ги поведе насамо, на едно тивко место, во околината на градот Бетцаида. Но кога луѓето разбраа каде е, се упатија кон Него. Тој ги прими и им говореше за Божјото царство и ги исцелуваше сите оние на кои им требаше оздравување. При квечерината, кај Исус дојдоа Неговите дванаесетмина ученици и Му рекоа: „Пушти ги луѓето да отидат до околните села и куќи и да си најдат преноќевалиште и храна, зашто местово е пусто.“ Но Исус им рече: „Дајте им вие нешто да јадат.“ Тие Му одговорија: „Имаме само пет леба и две риби; освен ако сакаш да појдеме и да купиме храна за сите овие луѓе.“ А имаше околу пет илјади мажи. Исус им рече на учениците: „Нека поседнат луѓето во групи од по педесет души.“ Така и направија, ги испоседнаа сите луѓе. Исус ги зеде петте леба и двете риби, и со поглед кон небото ги благослови и ги раскрши. Потоа им подаде на учениците да им ги разделат на луѓето. Сите јадеа и се наситија, а собраа и дванаесет кошници остатоци.

Лука 9:10-17 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

А кога се вратија апостолите, Му раскажаа сѐ што направиле. И ги зеде со Себеси и се повлече насамо, спроти градот наречен Витсаида. Но штом народот разбра за тоа, тргна по Него. И Тој ги прими и им зборуваше за Божјото Царство и ги оздравуваше оние, кои имаа потреба од исцелување. А кога денот почна да превалува, Дванаесетте Му пристапија и Му рекоа: „Отпушти го народот да оди во околните села и селца, за да најде преноќиште и јадење, зашто сме тука во пусто место!“ Тој пак им рече: „Дајте им вие да јадат!“ А тие рекоа: „Немаме повеќе од пет леба и две риби; освен ние да отидеме и да купиме храна за сиот овој народ!“ Зашто беа околу пет илјади мажи. И им рече на Своите ученици: „Седнете ги во купчиња по педесет!“ И така направија и ги седнаа сите. Тој ги зеде петте лебови и двете риби, погледна кон небото; ги благослови и ги рас-крши и им даваше на учениците, за да ги стават пред народот. И сите јадеа и се наситија, и го кренаа тоа што остана од парчињата - дванаесет кошници.