Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Лука 7:36-43

Лука 7:36-43 MK2006

Еден од фарисеите Го покани да ја­де со него; и Тој, кога влезе во куќата на фарисејот, седна на трпеза. И ете, една жена од градот, која бе­ше грешница, штом дозна дека Тој седи на трпеза во куќата на фарисе­ј­от, донесе сад од алабастер со миро; па застана одзади покрај Неговите нозе, плачејќи почна да ги мие нозете Негови со солзи и ги триеше со косата своја; и ги целиваше и помазуваше со миро. А кога го виде тоа фарисејот, што Го беше поканил, рече во себе, велејќи: „Кога Овој би бил пророк, би знаел која е и каква е оваа жена што Го допира, зашто таа е грешница.“ Му одговори Исус и рече: „Симоне, имам нешто да ти кажам.“ А тој рече: „Кажи, Учителе!“ Исус му рече: „Некој заемодавец имаше двајца должници: едниот му должеше петстотини денарии, а другиот педесет. Но бидејќи немаа да му вратат, тој им ги подари на обајцата. Кажи Ми, кој од нив повеќе ќе го милува?“ Симон одговори и Му рече: „Мис­лам оној, кому повеќе му подарил.“ А Тој му рече: „Право пресуди.“

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност