Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Лука 7:36-43

Лука 7:36-43 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

Еден фарисеј Го покани Исуса на вечера во својот дом. Тој дојде во куќата на фарисејот и седна на трпезата. Одеднаш, се појави една жена, позната грешница. Таа беше разбрала дека Исус е на гости кај фарисејот, и дојде носејќи едно шише од алабастер полно со скапоцент мирис. Клекна зад Исус, до Неговите нозе, и плачејќи почна да Му ги мие нозете со своите солзи, да ги брише со својата коса, да ги бакнува и да ги мачка со скапоцениот мирис. Фарисејот, гледајќи го ова, си помисли за Исус: „Да е Овој вистински пророк, би знаел која е и каква е оваа жена што го допира; би знаел дека е грешница!“ А Исус му рече: „Симоне, да те прашам нешто!“ „Кажи, Учителе“ - одговори тој. „Двајца луѓе му должеле пари на некој човек. Едниот му должел петстотини сребреници, а другиот педесет. Бидејќи не можеле да му платат, тој им ги простил долговите на обајцата. Што мислиш, кој од двајцата ќе има поголема љубов кон него?“ „Мислам, оној на кого му е простен поголем долг“ - одговори Симон. „Правилно процени!“ - Му рече Исус

Лука 7:36-43 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

Еден од фарисеите Го покани да ја­де со него; и Тој, кога влезе во куќата на фарисејот, седна на трпеза. И ете, една жена од градот, која бе­ше грешница, штом дозна дека Тој седи на трпеза во куќата на фарисе­ј­от, донесе сад од алабастер со миро; па застана одзади покрај Неговите нозе, плачејќи почна да ги мие нозете Негови со солзи и ги триеше со косата своја; и ги целиваше и помазуваше со миро. А кога го виде тоа фарисејот, што Го беше поканил, рече во себе, велејќи: „Кога Овој би бил пророк, би знаел која е и каква е оваа жена што Го допира, зашто таа е грешница.“ Му одговори Исус и рече: „Симоне, имам нешто да ти кажам.“ А тој рече: „Кажи, Учителе!“ Исус му рече: „Некој заемодавец имаше двајца должници: едниот му должеше петстотини денарии, а другиот педесет. Но бидејќи немаа да му вратат, тој им ги подари на обајцата. Кажи Ми, кој од нив повеќе ќе го милува?“ Симон одговори и Му рече: „Мис­лам оној, кому повеќе му подарил.“ А Тој му рече: „Право пресуди.“

Лука 7:36-43 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

Еден од фарисеите Го помоли да јаде со него. Тој влезе во фарисеевиот дом и прилегна до трпезата. И ете, една жена од градот, која беше грешница, кога научи дека Тој е прилегнат до трпезата во фарисеевата куќа, донесе со себе алабастрен сад со миро, и застана зад Неговите нозе плачејќи и почна да Му ги мие нозете со солзи, да ги брише со својата коса; и ги целиваше Неговите нозе и ги помазуваше со миро. И кога го виде тоа фарисејот, кој Го повика, рече во себеси: „Да е Овој пророк, би знаел која е и каква е оваа жена, која се допира до Него: дека е грешница.“ А Исус пак му одговори и рече: „Симоне, имам да ти кажам нешто.“ А тој: „Учителе, кажи!“ Рече: „Двајца му беа должни на еден заемодавач; едниот му должеше пет стотини динарии, а другиот педесет. А бидејќи немаа да му вратат, тој им прости на двајцата. И така, кој од нив ќе го возљуби повеќе?“ Симон одговори: „Мислам оној кому повеќе му подарил.“ А Тој му рече: „Право пресуди!“