Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Лука 23:1-43

Лука 23:1-43 MK2006

И сето мноштво се крена, па Го поведоа кај Пилат, и почнаа да Го обвинуваат, гово­реј­ќи: „Го најдовме Овој како го одвраќа народот наш и забранува да се дава да­нок на царот, и вели за Себе дека е Тој Христос и Цар.“ Пилат Го запраша, велејќи: „Ти ли си Царот Јудејски?“ Тој одговори и му рече: „Ти велиш.“ Пилат им рече на првосвештениците и на народот: „Јас не наоѓам никава ви­на кај Овој Човек.“ Но тие и понатаму велеа дека Тој го побунува народот и поучува по це­ла Јудеја, почнувајќи од Галилеја па до овде. А Пилат, штом чу за Галилеја, за­праша: „Зар е Овој Човек Галилеец?“ И кога разбра дека е Тој од областа Иродова, Го испрати кај Ирод, кој во тоа време, исто така, беше во Еру­са­лим. Ирод, кога Го виде Исус, се зарадува многу, бидејќи одамна имаше желба да го види, зашто беше слушал многу за Него, па се надеваше дека ќе види некое чудо направено од Него, и Му поставуваше многу прашања, но Тој ништо не одговори. А првосвештениците и книжниците стоеја и непрекинато Го обвинуваа. Ирод, пак, со војниците свои, от­ка­ко Го понизи и Му облече светла облека, Го прати пак кај Пилат. Во тој ден Пилат и Ирод станаа пријатели, зашто порано беа скарани меѓу себе. Пилат ги повика прво­свеш­те­ни­ци­те, управниците и народот, па им рече: „Ми го доведовте Овој Човек како бунтовник на народот; а еве, јас пред вас Го испитав и не најдов кај Него никаква вина во она, за што Го обвинувате; и Ирод исто така, зашто Го пратив и кај него; и ете, Тој не направил ништо што би заслужувало смрт; па затоа ќе го камшикувам и ќе Го пуш­там.“ А тој требаше за празникот да им ослободи еден затвореник. Но сиот народ повика, говорејќи: „Земи Го Овој, а пушти ни го Варава!“ Варава беше фрлен в затвор заради некаква буна во градот и убиство. Пилат одново извика гласно дека сака да Го пушти Исус. Но тие викаа, велејќи: „Распни Го, распни!“ Тој и по третпат им рече: „Та какво зло направил Овој? Јас не најдов во Не­го ништо што заслужува смрт; па затоа ќе Го камшикувам и ќе Го пуштам.“ Но сите постојано настојуваа со го­лем вик и бараа да биде распнат; и надвладеа нивниот вик и оној на прво­свеш­тениците. И Пилат одлучи да го исполни нив­ното барање, па им го пушти затвореникот кој бе­ше во темница заради бунт и убиство, оној за кого молеа; и Исус им го пре­да­де на нивната волја. И кога Го поведоа, Го фатија некој си Симон Киринеец, кој се враќаше од нива, и му го ставија крстот, за да го но­си по Исус. А по Него одеа многу луѓе и жени, кои плачеа и ридаа за Него. Но Исус, кога се заврте кон нив, им рече: „Ќерки ерусалимски, не плачете за Мене, туку плачете за себе и за сво­и­те деца; зашто, ете, се приближуваат дено­вите кога ќе се рече: ‚Блазе на неплодните и на утробите што не родиле и на градите што не доеле!‘ Тогаш ќе почнат да им велат на планините: ‚Паднете врз нас‘, и на ри­диштата, ‚покријте нѐ!‘ Зашто, кога ова го прават со зе­ле­ното дрво, што ќе биде тогаш со сувото?“ Водеа и двајца злосторници, за да ги погубат со Него. И кога дојдоа на местото, наречено Черепница, Го распнаа таму Него и злосторниците, едниот оддесно, а другиот одлево. А Исус рече: „Оче, прости им, зашто не знаат што прават!“ И кога го делеа облеклото Негово, фрлија ждрепка. А народот стоеше и гледаше; се потсмеваа заедно со народот и прво­свештениците, велејќи: „Други спаси, нека Се спаси и Сам, ако е Тој Христос, избраникот Божји!“ Исто така и војниците се подигруваа со Него; приближувајќи се, тие Му принесуваа оцет, и велеа: „Ако си Ти Царот Јудејски, спаси се Сам!“ А над Него имаше натпис, напишан на грчки, латински и еврејски: „Овој е Царот Јудејски.“ Еден од распнатите злосторници хулеше на Него, велејќи: „Ако си Ти Христос, спаси се Себе Самиот и нас!“ А другиот, кога одговори, го искара и рече: „Зар и од Бога не се плашиш, кога си веќе и сам осуден? Ние сме праведно осудени, зашто примивме заслужена казна според на­шите дела; но Тој ништо лошо не направил.“ И Му рече на Исус: „Сети се на ме­не, Господи, кога ќе дојдеш во царството Свое!“ А Исус му рече: „Вистина ти велам: денес ќе бидеш со Мене во рајот!“

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност