Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Лука 22:24-38

Лука 22:24-38 MK2006

А се појави меѓу нив и расправија, кој од нив да се смета за поголем. Но Тој им рече: „Царевите владеат над народите, а оние што управуваат над нив се викаат добротвори. Вие, пак, немојте така; но по­го­ле­миот меѓу вас да биде како најмалиот и тој, што е старешина, да биде како слу­га. Зашто кој е поголем, тој што седи на трпеза, или оној што послужува? Зар не е оној што седи? А Јас сум меѓу вас како слуга. Но вие сте оние што издржавте со Мене во Моите напасти, и Јас ви ветувам, како што Ми вети Мојот Отец, царство, за да јадете и да пиете на трпезата Моја во царството Мое, и да седнете на престоли и да им судите на дванаесетте Израелови колена.“ И рече Господ: „Симоне, Симоне, ете, сатаната посака да ве сее како пче­ница; но Јас се молев за тебе за да не се изгуби твојата вера; а ти кога еднаш ќе се обратиш, укрепи ги браќата свои!“ А тој Му одговори: „Господи, готов сум да одам со Тебе и в затвор, и во смрт.“ Но Тој му рече: „Ти велам, Петре, уште пред да запее денес петелот, ти трипати ќе потврдиш дека не Ме познаваш.“ Па им рече: „Кога ве праќав без ќе­се, и без торба, и без обувки, дали ви не­достасуваше нешто?“ Тие одговорија: „Ништо.“ И им рече: „Но сега, кој има ќесе, нека си го земе, исто така и торба; а кој нема, нека си ја продаде облеката и нека си купи нож; зашто, ви велам, на Мене треба да се исполни и ова од Писмото: ‚И меѓу злосторници Го вброија.‘ Зашто она што се однесува за Мене, се исполнува.“ А тие рекоа: „Господи, еве овде има два ножа.“ Тој им одговори: „Доволни се.“