Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Лука 20:9-26

Лука 20:9-26 MK2006

И почна да му ја раскажува на народот оваа парабола: „Еден човек насади лозје и го предаде на лозари, па си зами­на на подолго време. А подоцна испрати кај лозарите еден слуга за да му дадат од плодовите на лозјето; но лозарите го натепаа и го пуштија празен. И прати повторно друг слуга: но тие и него го натепаа и го понизија, па го ис­пратија празен. Испрати и трет, а тие и него го ра­нија и го избркаа. Тогаш господарот на лозјето рече: ‚Што да направам? Ќе го испратам свој­от сакан син, можеби кога ќе го видат, ќе се засрамат.‘ Но лозарите, штом го видоа, си раз­мислуваа меѓу себе, велејќи: ‚Овој е на­следникот! Ајде да го убиеме и наследството ќе биде наше!‘ И кога го изведоа надвор од лозјето, го убија. Што ќе им направи, пак, господарот на лозјето? Ќе дојде и ќе ги погуби овие лозари, а лозјето ќе го предаде на други.“ А оние што слушаа, рекоа: „Да не даде Бог!“ Но Тој, кога ги погледна, им рече: „Што значи тогаш напишаното: ‚Каме­нот што го отфрлија ѕидарите, стана ка­мен темелник‘. Секој што ќе падне врз тој камен, ќе се разбие; а врз кого тој ќе падне, ќе го здроби.“ И во тој час првосвештениците и книжниците сакаа да стават рака на Него, но се плашеа од народот; зашто сфатија дека за нив ја кажа оваа пара­бола. И дебнејќи Го, испратија и лукави луѓе, кои се преправаа дека се праведни, за да Го фатат во некој збор и да можат да Го предадат на поглаварите и на власта управникова. И Го прашаа, велејќи: „Учителе, знаеме дека право зборуваш и учиш, и не гледаш кој е кој, туку вистински поу­чуваш за патот Божји. Позволено ли е да му даваме да­нок на царот или не?“ А Тој го разбра нивното лукавство и им рече: „Покажете ми еден денариј: Чија слика и натпис стои таму?“ Тие одгово­рија: „На царот.“ Па им рече: „Дајте го царевото на царот, а Божјото на Бога!“ И не можеа да фатат нешто во Не­говите зборови пред народот, туку само се зачудија на одговорот Негов и за­молк­наа.