Лука 20:9-26
Лука 20:9-26 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Потоа Исус му ја кажа на народот следнава споредба: “Еден човек си насади лозје, им го даде под наем на лозарите и си замина од тој крај на подолго време. Кога дојде времето за гроздобер, тој прати еден од своите слуги за да му го донесе делот од бербата што му припаѓа како надомест. Но лозарите го натепаа и го испратија со празни раце. Потоа прати друг слуга, но лозарите и него го натепаа, го понижија и го испратија со празни раце. Прати и трет слуга, но лозарите и него го претепаа и го избркаа. Тогаш сопственикот на лозјето рече: ,Што да правам? Ќе го испратам мојот син - љубимецот мој; се надевам дека спрема него ќе покажат почит.‘ Но кога лозарите го видоа синот, си рекоа еден на друг: ,Еве го наследникот! Ајде да го убиеме и да го присвоиме неговото наследство!‘ Исфрлајќи го надвор од лозјето, тие го убија. Сега, што ќе им направи сопственикот на лозарите? Ќе дојде и ќе ги погуби тие злосторници, а лозјето ќе им го даде под наем на други лозари!“ А луѓето што го слушаа ова, рекоа: ,Да не даде Господ вакво нешто да се случи!‘ Исус ги погледна и ги праша: „Тогаш, што значат следниве зборови запишани во Светото Писмо: ,Каменот што ѕидарите го отфрлија, стана камен - темелник‘? Секој што ќе се сопне од тој камен ќе се распарчи, и врз кого тој ќе падне - ќе го здроби!“ Во тој момент, вероучителите и свештеничките поглавари сакаа да Го уапсат Исуса, бидејќи сфатија дека кажаната споредба се однесува на нив; но се плашеа од народот. Продолжија да Го држат на око, а Му испраќаа и поткажувачи кои се преправаа дека се искрени, за да Го уловат на зборови и да Го поткажат на властите и на покраинските управници. Тие Му велеа: „Учителе, знаеме дека тоа што го зборуваш и го учиш е правилно. Знаеме дека Ти не гледаш на тоа кој е кој, туку вистинито го проповедаш Божјиот пат. Кажи ни, дали ние треба да му плаќаме данок на римскиот император, или не?“ Исус го проѕре нивното лукавство, па им рече: „Покажете ми една римска монета. Чиј лик и име се втиснати на монетата?“ Тие Му одговорија: „На императорот“. Тогаш Исус им рече: „Дајте му го на императорот тоа што му припаѓа на императорот, а на Бога - тоа што Му припаѓа на Бога!“ И не можеа да Го уловат на збор пред народот, па затоа, вчудовидени, замолкнаа.
Лука 20:9-26 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
И почна да му ја раскажува на народот оваа парабола: „Еден човек насади лозје и го предаде на лозари, па си замина на подолго време. А подоцна испрати кај лозарите еден слуга за да му дадат од плодовите на лозјето; но лозарите го натепаа и го пуштија празен. И прати повторно друг слуга: но тие и него го натепаа и го понизија, па го испратија празен. Испрати и трет, а тие и него го ранија и го избркаа. Тогаш господарот на лозјето рече: ‚Што да направам? Ќе го испратам својот сакан син, можеби кога ќе го видат, ќе се засрамат.‘ Но лозарите, штом го видоа, си размислуваа меѓу себе, велејќи: ‚Овој е наследникот! Ајде да го убиеме и наследството ќе биде наше!‘ И кога го изведоа надвор од лозјето, го убија. Што ќе им направи, пак, господарот на лозјето? Ќе дојде и ќе ги погуби овие лозари, а лозјето ќе го предаде на други.“ А оние што слушаа, рекоа: „Да не даде Бог!“ Но Тој, кога ги погледна, им рече: „Што значи тогаш напишаното: ‚Каменот што го отфрлија ѕидарите, стана камен темелник‘. Секој што ќе падне врз тој камен, ќе се разбие; а врз кого тој ќе падне, ќе го здроби.“ И во тој час првосвештениците и книжниците сакаа да стават рака на Него, но се плашеа од народот; зашто сфатија дека за нив ја кажа оваа парабола. И дебнејќи Го, испратија и лукави луѓе, кои се преправаа дека се праведни, за да Го фатат во некој збор и да можат да Го предадат на поглаварите и на власта управникова. И Го прашаа, велејќи: „Учителе, знаеме дека право зборуваш и учиш, и не гледаш кој е кој, туку вистински поучуваш за патот Божји. Позволено ли е да му даваме данок на царот или не?“ А Тој го разбра нивното лукавство и им рече: „Покажете ми еден денариј: Чија слика и натпис стои таму?“ Тие одговорија: „На царот.“ Па им рече: „Дајте го царевото на царот, а Божјото на Бога!“ И не можеа да фатат нешто во Неговите зборови пред народот, туку само се зачудија на одговорот Негов и замолкнаа.
Лука 20:9-26 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
И почна да му ја раскажува на народот оваа парабола: „Некој човек насади лозје, и го даде под наем на земјоделци, и си отиде на подолго време. А кога дојде време, испрати свој слуга при земјоделците, за да му дадат од плодовите на лозјето. Земјодел-ците го натепаа и го испратија назад празен. И пак испрати друг слуга, а тие го натепаа и него, го засрамија и го испратија празен. Испрати и трет, а тие и него го ранија и го исфрлија. Тогаш господарот на лозјето рече: „Што да правам? Ќе го испратам својот возљубен син. Можеби од него ќе се засрамат. А кога земјоделците го видоа, почнаа да размислуваат меѓу себе: „Овој е наследникот! Да го убиеме, за да биде наследството наше!“ И го исфрлија надвор од лозјето и го убија. И така, што ќе им направи господарот на лозјето? Ќе дојде и ќе ги погуби земјоделците, а лозјето ќе им го даде на други.“ А кога тие го чуја тоа, рекоа: „Да не биде!“ А Тој ги погледна и рече: „Тогаш, што зна-чи ова што е напишано: „Каменот што го отфрлија ѕидарите, стана глава на аголот? Секој, кој ќе падне врз овој камен, ќе се разбие, а врз кого ќе падне тој, ќе го сотре.“ И во истиот час книж-ниците и свештеничките глава-тари гледаа да стават рака врз Него, но се плашеа од народот. Имено разбраа дека за нив ја раскажа оваа парабола. И набљудувајќи Го Му испратија луѓе, кои се правеа праведни, за да Го фатат во некој збор и да им го предадат на началството и на власта на управителот. И Го прашаа, велејќи: „Учителе, знаеме дека право зборуваш и учиш; и не гледаш кој е кој, туку според вистината поучуваш по Божјиот пат. Дали е дозволено да даваме данок на ќесарот или не?“ Тој пак го разбра нивното лукавство и рече: “Покажете ми денариј! Чиј образ и натпис има?“ Тие рекоа: „Ќесарев!“ А Тој им рече: „Тогаш, дајте му го ќесаровото на ќесара, а Божјото на Бога!“ И не можеа да Го фатат во збор пред народот; и замолкнаа зачудени од Неговиот одговор.