Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Лука 16:19-31

Лука 16:19-31 MK2006

„Си беше еден богат човек кој се облекуваше во порфир и во свила, и се­кој ден живееше раскошно и се веселе­ше. А еден сиромав, по име Ла­зар, лежеше пред вратата негова сиот покриен со красти, кој сакаше да се нахрани со трош­ките што паѓаа од трпезата на богатиот; и кучињата доаѓаа и ги лижеа ра­ните негови. Умре сиромавиот и ангелите го од­несоа во пазувите Авраамови; умре и богатиот и го погребаа. И во пеколот, додека беше во маки, ги подигна очите свои и го виде оддалеку Авраам и Лазар во не­говите пазуви. Тогаш тој извика и рече: ‚Оче Аврааме, смилувај ми се и прати го Ла­зар да го накваси својот прст во вода и да ми го разлади јазикот, зашто многу страдам во овој пламен!‘ Но Авраам рече: ‚Синко, сети се де­ка ти си го добил своето добро уште до­дека беше жив, а Лазар злото; сега, пак, тој се утешува, а ти се мачиш. Освен тоа, меѓу вас и нас има голема провалија така што оние кои би сакале да дојдат кај вас, не можат; а исто така и оние оттаму – кај нас.‘ А тој пак рече: ‚Тогаш, те молам, оче, прати го во татковата ми куќа, зашто имам петмина браќа, та да им посведочи, за да не дојдат и тие во ова место на маките!‘ Авраам му рече: ‚Тие ги имаат Мој­сеј и Пророците; нив нека ги слушаат!‘ А тој рече: ‚Не, оче Аврааме, туку, ако некој од мртвите оди кај нив, тогаш ќе се покаат.‘ Авраам му рече: ‚Штом Мојсеј и Пророците не ги слушаат, тогаш и да воскресне некој од мртвите, тие нема да му поверуваат.‘“

Video for Лука 16:19-31