Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Лука 15:11-31

Лука 15:11-31 MK2006

И рече: „Еден човек имаше два си­на. Помладиот од нив му рече на татка си: ‚Татко, дај ми го делот што ми при­паѓа од имотот!‘ И таткото им го раз­де­ли имотот. По неколку дена, помладиот син, кога собра сѐ, отиде во далечна земја и таму го потроши својот дел, живеејќи блудно. И откако потроши сѐ, настана го­лем глад во таа земја и тој се најде во мака; па отиде кај еден човек во таа земја и се погоди, и тој го прати во своите полја да пасе свињи. И страден беше да го наполни својот стомак макар и со рокчиња што ги јадеа свињите, но никој не му ги даваше. А кога дојде на себеси, рече: ‚Кол­ку наемници кај татко ми имаат леб во изобилие, а јас, пак, тука умирам од глад. Ќе станам и ќе отидам кај татко ми и ќе му речам: „Татко, згрешив против небото и пред тебе, и не сум веќе достоен да се наречам твој син; но прими ме како еден од сво­ите наемници.“‘ Па стана и отиде кај татка си. И ко­га беше уште далеку, го виде неговиот татко и се сожали на него, па потрча, го прегрна и го целива. И синот му рече: ‚Татко, згрешив против небото и пред тебе, и не сум веќе достоен да се наречам твој син!‘ А таткото им рече на слугите свои: ‚Изнесете најубава промена и облечете го, и дајте му прстен на раката негова и обувки на нозете; па доведете едно згоено теле и за­ко­лете го; да јадеме и да се веселиме, зашто овој мој син мртов беше и оживе, изгубен беше и се најде.‘ И поч­наа да се веселат. А постариот негов син беше в поле; и на враќање, кога се приближи до ку­ќата, слушна песни и извици. И тогаш повика еден од слугите и го праша: ‚Што е ова?‘ А тој му рече: ‚Брат ти си дојде и татко ти закла згоено теле, затоа што повторно здрав го доби.‘ Тој се налути и не сакаше да влезе. Тогаш излезе татко му и го молеше. А тој му одговори на татка си и му рече: ‚Еве, ти служам толку години и ни­когаш не ја прекршив твојата за­по­вед; и мене не си ми дал ни едно јаре за да се провеселам со моите пријатели; а кога дојде овој твој син, што го упро­пасти својот имот со блудници, за него ти закла згоено теле.‘ А тој му рече: ‚Синко, ти си секогаш со мене и сѐ мое е твое

Бесплатни планови за читање и побожни текстови поврзани со Лука 15:11-31