Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Лука 14:25-34

Лука 14:25-34 MK2006

Со Него одеше многу народ; и Тој се заврте и им рече: „Ако некој дојде кај Мене и не го намрази татка си и мајка си, жена си и децата свои, браќата и сестрите, па дури и душата своја, тој не може да биде Мој ученик. И, кој не го носи својот крст, и не оди по Мене, не може да биде Мој уче­ник. Зашто, кој од вас, кој сака да соѕида кула, нема да седне најнапред за да на­прави сметка колку ќе чини и дали има сѐ што е потребно за нејзиното довр­шу­вање? Во спротивно, ако веќе ги поставил темелите, а не може да ја доврши, сите што гледаат, ќе почнат да му се смеат, и да зборуваат: ‚Овој човек почна да ѕида и не може да доврши.‘ Или кој цар, кога тргнува во војна против друг цар, нема да седне најна­пред да се посоветува, може ли со десет илјади да издржи пред оној што иде против него со дваесет илјади? Ако не може, додека е другиот уш­те далеку, ќе прати пратеници и ќе мо­ли за мир. Така и ниеден од вас, кој нема да се откаже од сѐ што има, не може да биде Мој ученик.“ „Солта е добро нешто, но ако таа облутави, со што ќе се соли?

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност