Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Лука 14:1-14

Лука 14:1-14 MK2006

Еднаш во сабота влезе кај еден од фарисејските старешини и јадеше леб; а тие Го надгледуваа. Одеднаш застана пред Него еден човек болен од водена болест. Исус ги запраша закониците и фарисеите, велејќи: „Дозволено ли е да се лекува во сабота?“ А тие молчеа. Тогаш Исус го допре, го излекува и го пушти. Потоа им рече: „Кој од вас ако му падне в бунар вол или син, нема да го извади веднаш, иако е сабота?“ Не можеа ништо да Му одговорат на тоа. А кога забележа како поканетите ги одбираат почесните места, им кажа па­рабола и рече: „Ако те покани некој на свадба, не седнувај на почесно место, зашто, ако случајно е поканет некој со поголема чест од тебе, тогаш би можел да дојде оној што ве поканил и тебе и него, па да рече: ‚От­стапи го местото на овој!‘ и тогаш, засрамен ќе седнеш на последното место. Но, кога ќе бидеш поканет, оди и седни на последното место, та оној што те поканил, штом дојде, да ти каже: ‚Пријателе, премести се погоре!‘ Тогаш ќе имаш чест пред сите оние што седат заедно со тебе на трпезата. Зашто, секој што се возвишува, ќе биде понизен; а тој што се понизува, ќе биде возвишен.“ А и на оној што го беше поканил, му рече: „Кога даваш ручек или вечера, не кани ги пријателите свои, ниту бра­ќата свои, ни роднините свои, ниту бо­гатите соседи, за да не те поканат и тие некогаш и да ти биде возвратено. Но, кога даваш гозба, повикај ги сиромасите, куците, слепите. И ќе бидеш блажен, зашто тие не­ма­ат со што да ти возвратат, и затоа ќе ти биде возвратено при воскресението на праведните.“

Video for Лука 14:1-14