Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Лука 11:1-12

Лука 11:1-12 MK2006

Еднаш беше Тој на едно место и се молеше. Кога престана, еден од Неговите ученици Му рече: „Гос­по­ди, научи нѐ да се молиме, како што ги научи Јован учениците свои.“ А Тој им рече: „Кога се молите, го­во­рете: ‚Оче наш, Кој си на небесата, да се свети името Твое; да дојде царството Твое лебот наш насушен дај ни го денес; и прости ни ги нашите гревови, заш­то и ние самите му ги проштеваме на секој наш должник; и не воведувај нѐ во искушение.‘“ И им рече: „Ако некој од вас има пријател и отиде при него на полноќ, па му каже: ‚Пријателе, дај ми на заем три леба; зашто ми дојде еден пријател од пат и немам што да му принесам.‘ И ако оној одвнатре му одговори и рече: ‚Не ме обеспокојувај; портата е веќе затворена и децата се со мене во постела; не можам да станам да ти да­дам‘, ви велам дека, макар и да не стане да му даде затоа што му е пријател, сепак ќе стане заради неговата настојчивост и ќе му даде колку што му треба. И Јас ви велам: Молете и ќе ви се даде; барајте и ќе најдете; чукајте и ќе ви се отвори. Зашто секој што моли – добива, а кој бара – наоѓа, и на оној што чука – ќе му се отвори. И кој татко меѓу вас, ако синот му побара риба, ќе му даде змија место ри­ба? Или, ако побара јајце, ќе му даде скорпија?

Бесплатни планови за читање и побожни текстови поврзани со Лука 11:1-12

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност