Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Лука 10:30-37

Лука 10:30-37 MK2006

Исус му одговори и рече: „Еден чо­век, додека слегуваше од Ерусалим во Ерихон, западна меѓу разбојници. Тие го соблекоа и го претепаа, и си отидоа, оставајќи го полумртов. Случајно во тоа време слегуваше по тој пат еден свештеник и, кога го виде, помина на спротивната страна. Исто така и еден левит, кога дојде на тоа место, погледна и премина на другата страна. Еден, пак, Самарјанин, кој патува­ше, кога дојде до него, го виде и се со­жали. И кога се приближи, му ги преврза раните, полевајќи ги со масло и со вино. Потоа го качи на добитокот свој, го од­несе во гостилница и се погрижи за не­го. А утредента, на кинисување, извади два денарија, му ги даде на гос­тил­ни­ча­рот и му рече: ‚Погрижи се за него; а ако потрошиш нешто повеќе, кога ќе се вратам, ќе ти платам.‘ Кој, пак, од тие тројца ти се чини дека му беше ближен на оној, што пад­на во рацете на разбојниците?“ А тој одговори: „Оној што му ис­ка­жа милосрдие.“ Исус му рече: „Оди и ти прави така!“

Бесплатни планови за читање и побожни текстови поврзани со Лука 10:30-37

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност