Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Лука 10:1-20

Лука 10:1-20 MK2006

Потоа Господ назначи и други седумдесет (и двајца) и ги испра­ти пред Себе по двајца во секој град и мес­то, каде што и Сам сакаше да оди, и им рече: „Жетвата е голема, а ра­ботници има малку; затоа молете Го Господарот на жетвата да испрати работници за жетвата Своја. Одете! Ете, Јас ве испраќам како јагненца среде волци. Не носете со себе ни ќесе, ни торба, ниту обувки и никого патем не поздра­вувајте! И во секоја куќа во која ќе влезете, прво кажете: ‚Мир на оваа куќа!‘ Па, ако биде таму синот на мирот, вашиот мир ќе почива на него; инаку, тој ќе се врати во вас; и во таа куќа останете, јадете и пијте што ќе ви дадат; зашто работникот ја заслужува својата награда. Не преместувајте се од куќа в куќа. И во секој град во кој ќе влезете, и ќе ве примат, јадете што ќе принесат пред вас; лекувајте ги болните што се во него и говорете им: ‚Се приближи до вас царството Божјо.‘ А во кој, пак, град влезете и не ве примат, излезете по улиците негови и кажете: ‚И правот од вашиот град што се прилепил на нас, ви го истресуваме; но знајте го тоа, дека се приближи цар­ството Божјо.‘ Ви велам дека во оној ден на Содом ќе му биде полесно, отколку на тој град.“ „Тешко тебе, Хоразине! Тешко те­бе, Витсаидо! Зашто, ако во Тир и Си­дон се случеа чудата што се случија кај вас, тие одамна, седејќи во вреќи и пе­пел, ќе се беа покајале. Но на Тир и Сидон ќе им биде по­лесно на Судот, отколку вам. И ти, Капернауме, кој си се издигнал до небото, до адот ќе бидеш симнат. Кој ве слуша вас, Мене Ме слуша; и кој се откажува од вас, од Мене се откажува, а кој се откажува од Мене, се откажува од Оној што Ме пратил.“ Се вратија, пак, седумдесет (и двај­ца­та) со радост и велеа: „Господи, во Твое име и демоните ни се покоруваат.“ А Тој им рече: „Го видов сатаната како падна од небото како молња! Еве, ви давам власт да газите на змии и скорпии, и власт над секоја не­пријателска сила; и ништо нема да ви наштети; но не радувајте се на тоа што ду­хо­вите ви се покоруваат, туку радувајте се што вашите имиња се напишани на не­бесата.“