Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Лука 1:40-48

Лука 1:40-48 MK2006

па влезе во домот на Захарија и ја поздрави Елисавета. Штом го слушна Елисавета поздра­вот на Марија, заигра детето во утробата нејзина; и Елисавета се исполни со Дух Свети, па извика гласно и рече: „Бла­го­сло­вена си ти меѓу жените, и благословен е плодот на твојата утроба! И од каде за мене ова, кај мене да дојде мајката на мојот Господ? Зашто, ете, штом гласот од твојот поздрав одекна во ушите мои, од радост ми заигра детето во утробата моја. И блажена е таа која поверува, заш­то ќе се исполни она, што ѝ рекол Гос­под.“ И рече Марија: „Мојата душа Го ве­лича Господа, и мојот дух се зарадува во Бога, Спасителот мој, зашто ја погледа смиреноста на слугинката Своја, и ете, отсега ќе ме нарекуваат блажена сите по­ко­ле­нија

Бесплатни планови за читање и побожни текстови поврзани со Лука 1:40-48