Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Левитска Вовед

Вовед
Уште во првиот стих од книгата Левитска, библискиот писател ни соопштува како Бог го повикува Мојсеј од скинијата на собранието. И натаму, низ текстот на целата книга, Бог му соопштува на Мојсеј голем број закони и наредби за народот на Израел, со ветување дека секој, кој ќе ги извршува „жив ќе биде“ (18,5; Рим 10,5). Со еден збор, Бог им објаснува на Евреите како да ги надминат пречките во општењето со Него. За да биде скинијата навистина место за „средби“, потребно е оние што ги принесуваат жртвите тоа да го прават според законите (1–7); свештениците да бидат почитувани и да имаат достоинствено однесување (8–10), но исто така и секој член на општеството. Колку што е тоа возможно, да се избегнува телесната нечистота (11–16), како и моралните и религиозни застранувања (17–27). Бог на светоста, Бог на животот, Бог на љубовта, сака Неговиот народ да се доближи до Неговата светост (19,2), за да може и тој самиот да стане носител на живот и љубов. Имено, во таа смисла Тој им ја дава на Израелците онаа заповед, чиј основен карактер се истакнува и од самиот Спасител Исус Христос: „Сакај го ближниот свој како самиот себе“ (19,18; Мт 22,39).
Овие закони, кои често му изгледаат необични на современиот читател, претставуваат вечно потсетување за верните дека општењето со Бога е животна потреба за човекот.

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се