Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Левитска 8

8
Поставување на свештеници
Обредот на посветувањето
1И му рече Господ на Мојсеј, велејќи: 2#2 Мојс 28,2; 29,1-37; 30,10; 40,9-15„Земи го Арон и синовите негови и одеждите, и масло за помазание, и теле како жртва за грев, и два овна, и кош­ница пресни лебови, 3#4 Мојс 8,9па собери го целиот народ пред вра­тата од скинијата на собранието.“ 4И направи Мојсеј како што му запо­веда Господ, и се собра народот пред вратата од скинијата на собранието. 5Потоа му рече Мојсеј на народот: „Еве што заповеда Господ да се на­пра­ви.“ 6#2 Мојс 30,19; Дела 22,16Па го доведе Мојсеј Арона и сино­вите негови и ги изми со вода. 7#2 Мојс 28,6.15И му облече хитон, и го опаша со појас, го облече со горна одежда, па му стави згора на тоа ефод, и го опаша појасот од ефодот наоколу, и го стегна со него, 8#2 Мојс 25,7; 28,30а на градите одозгора му стави наградник, и на наградникот постави и „урим“ и „тумим“#8,8 Таинствени предмети преку кои на посебен начин била дознавана Божјата волја.. 9#2 Мојс 28,2.36Му стави уште на главата и кидар, а на капата спроти лицето му стави златна плочка, знак на светоста, како што му заповеда Господ на Мојсеј. 10#2 Мојс 26,1; 30,22-33И го зеде Мојсеј маслото за пома­зание и ја помаза скинијата и сѐ што е во неа, и ја освети. 11#2 Мојс 30,29И го попрска со него жртвеникот седумпати, и го помаза жртвеникот, и сите работи на него, и мијалникот, и подножјето негово, и ги освети. 12#2 Мојс 30,30И излеа од маслото за помазание врз главата Аронова, и го помаза и го освети; 13#2 Мојс 28,4.40; 39,27потоа Мојсеј ги доведе синовите Аро­нови, им облече хитони, ги опаша со појаси, им стави капи на главите, како што му беше заповедал Господ. 14Потоа го доведе телето како жртва за грев, а Арон и синовите негови ги ставија рацете свои врз главата на телето за грев. 15#Ез 43,20-22; Евр 9,21Потоа Мојсеј го закла телето и зеде од крвта негова и со прстот свој стави од неа на роговите од жртвеникот од сите страни, и го очисти жртвеникот, а другата крв ја излеа во подножјето на жртвеникот, и го освети за да се извр­шува обредот очистување на гре­вовите пред него. 16Потоа го извади сиот лој што беше на утробата, и кошулката од црниот дроб, како и двата бубрега, и лојот око­лу нив, и сето тоа го изгоре врз жрт­веникот. 17А телето, со кожата негова и месото негово и нечистотијата ги изгоре со оган надвор од логорот како што му беше заповедал Господ на Мојсеј. 18Потоа го доведе овенот како жртва сепаленица, а Арон и синовите негови ги ставија рацете свои врз главата на овенот; 19и Мојсеј го закла и го попрска со крвта негова жртвеникот од сите стра­ни, 20па го исече овенот на делови, и ги изгори Мојсеј главата, и деловите, и лојот; 21а утробата и нозете ги изми со вода, и го изгоре Мојсеј целиот овен на жрт­веникот: тоа е жртва сепаленица со при­јатен мирис; тоа е принос пред Гос­под, како што му беше заповедал Гос­под на Мојсеј. 22Потоа го доведе вториот овен – овенот за посветување; и Арон и си­новите негови ги ставија рацете свои врз главата на овенот. 23Па, откако го закла, зеде Мојсеј од крвта негова и го помаза со неа крај­чето од десното уво на Арон и палецот на десната рака негова, и палецот на десната нога негова. 24#Евр 9,18-22Ги доведе Мојсеј и синовите Аро­нови, па и ним им го помаза со крв крајот од десното уво, палецот на десната рака и палецот на десната нога; а со дру­гата крв Мојсеј го попрска жрт­веникот наоколу. 25Потоа ги зеде лојот, опашката и лојот што беше на утробата, кошулката од црниот дроб, како и двата бубрега и лојот околу нив, и десната плешка, 26а од кошницата со бесквасни лебови што е пред Господ зеде еден бесквасен леб, еден леб со масло, како и една питка, па ги стави врз лојот и врз десната плешка. 27#4 Мојс 5,25И сето тоа му го предаде на Арон в раце и во рацете на синовите негови и го принесе како жртва пред Господ. 28Потоа го зеде тоа Мојсеј од рацете нивни и го изгоре на жртвеникот заедно со жртвата сепаленица; тоа е жртва за посветување со пријатен мирис, принос пред Господ. 29Па ги зеде Мојсеј градите и ги принесе пред Господ; тоа е Мојсеев дел од овенот за посветување, како што му беше заповедал Господ на Мојсеј. 30#2 Мојс 28,1; 28,41-43Потоа зеде Мојсеј од маслото за по­ма­зание и од крвта, што беше на жрт­веникот, па го попрска Арон и одеж­дите негови, и синовите негови, и одеж­дите нивни; и така го освети Арон и одеждите негови, синовите негови и одеждите нивни. 31И му рече Мојсеј на Арон и на синовите негови: „Сварете го ова месо пред влезот во скинијата на собранието, и јадете го таму со лебот што е во кошницата за посветување, како што ми се заповеда и рече, Арон и синовите негови нека го јадат тоа. 32А она, што ќе остане од месото и од лебот, изгорете го со оган. 33#4 Мојс 19,11; Ез 43,25И не оддалечувајте се од вратата на скинијата на собранието седум дена, додека не се завршат деновите на посветувањето ваше, зашто за седум дена ќе се изврши посветувањето ваше. 34Како што се направи денес, така да се прави секогаш според Господовата заповед, за да се очистите од гревот. 35#4 Мојс 3,7; 9,19; 5 Мојс 11,1; 1 Цар 2,3; Ез 48,11Затоа пред влезот од скинијата на собранието стојте дење и ноќе седум дена и така запазите ги заповедите Господови, за да не умрете, зашто така ми е заповедано.“ 36А Арон и синовите негови направија сѐ онака, како што им беше запо­ведал Господ преку Мојсеј.

Селектирано:

Левитска 8: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се