Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Левитска 5:1-13

Левитска 5:1-13 MK2006

„А кога некој згреши со тоа што слушнал клетва и така станал сведок, или видел или знаел, па не кажал, тој го носи својот грев. Или, ако некој се допре до нешто нечисто, или до труп на нечисто диво животно, или до труп на нечист доби­ток, или до умрена нечиста влечуга, без да знае за тоа, тој е нечист и виновен; или ако се допре до некоја нечис­тотија човечка, која било нечистотија негова, со која се осквернува, и не знаел за тоа, но потоа дознае – виновен е. А ако некој неразумно се заколне со устата своја дека ќе направи нешто ло­шо, или добро, а за која и да било работа, како што го прават тоа луѓето без размислување, а не е свесен за тоа, но потоа кога дознае, виновен ќе биде. Кога, пак, некој е виновен за некоја од овие работи и ќе го признае гревот свој, нека Му принесе на Господ за гре­вот, што го направил – женско од ситниот добиток: овца или коза од стадото свое за гревот; и свештеникот ќе го ослободи од гревот негов. Ако не може да принесе овца, тогаш нека Му принесе на Господ за гревот свој: две грлици или две гулапчиња – едно како жртва за грев, а другото како жртва сепаленица. Нека му ги донесе на свештеникот, а тој нека го претстави прво она што е за грев, и нека му го прекрши вратот, но главата да не ја откинува. И со крвта од жртвата за грев нека го попрска ѕидот на жртвеникот; а крв­та што ќе остане, нека ја исцеди во подножјето на жртвеникот, бидејќи е тоа жртва за грев. А од другото нека направи жртва сепаленица, како што треба; и така свеш­теникот ќе го ослободи од гревот негов, што го направил, и ќе му биде простено. А ако не може да принесе ни две грлици или гулапчиња поради тоа што згрешил, тогаш нека принесе една де­сетина ефа пченично брашно како жрт­ва за грев, и нека не додава кон неа мас­ло, ниту да става темјан, зашто жртвата е за грев. И кога ќе го донесе кај свеште­никот, свештеникот нека земе полн грст од него за спомен, и нека го изгори на жртвеникот како жртва на Господ, бидејќи е жртва за грев. И така ќе го ослободи свештеникот од гревот негов, со кој згрешил во нешто од ова, и ќе му биде простено; а остатокот ќе биде за свештеникот како принос од пченично брашно.“