Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Левитска 3

3
Жртва за мир
1 # 7,11-21; 19,5-8 # 2 Мојс 12,5; 32,6 „Но, кога некој принесува жртва за мир, а ја принесува од крупниот добиток, било машко или женско, нека ја принесе пред Господ без недостаток; 2#2 Мојс 24,6; 29,15.20; 40,2и нека ја стави раката своја врз главата на жртвата, и нека ја заколе кај влезот во скинијата на собранието, а свештениците, синовите Аронови, нека го попрскаат со крвта жртвеникот од сите страни. 3#9,18-21; 2 Мојс 29,13Од жртвата за мир нека Му принесе на Господ принос – лојот што ја обвива внатрешнината и сиот лој по внатрешнината. 4И обата бубрега и лојот што е на нив и на слабините, и кошулката што е на црниот дроб: нека ја извади со бубре­зи­те; 5#4 Мојс 28,3-10синовите Аронови нека го изгорат тоа на жртвеникот заедно со жртвата сепа­леница, што е врз дрвата, на огнот. Тоа е жртва со благопријатен мирис пред Господ. 6#4 Мојс 15,3.8Ако, пак, Му принесува на Господ жртва за мир од ситниот добиток, машко или женско, нека принесе таква што е без недостаток. 7Ако јагне принесува како своја жртва, нека го приведе пред Господ; 8и нека ја стави раката своја врз главата на својата жртва, и нека ја за­коле пред вратата од скинијата на со­б­ранието, а синовите Аронови нека го попрскаат жртвеникот со крвта нејзина наоколу. 9#Ис 34,6; Ез 39,19Потоа од жртвата за мир нека го принесе како жртва на Господ и лојот, целата опашка до грбот, сиот лој што ја обвива внатрешнината и сета маст во внатрешнината, 10и обата бубрега и лојот што е на нив и на слабините, и кошулката околу црниот дроб: сето тоа заедно со буб­резите нека го оддели; 11#4 Мојс 28,2свештеникот нека го изгори тоа на жртвеникот; тоа е храна на огнот – принос на Господ. 12Ако, пак, принесува жртва на Гос­под од козите, нека ја претстави пред Господ, 13#2 Мојс 24,6и нека ја стави раката своја врз главата нејзина, па нека ја заколе пред скинијата на собранието, а синовите Аронови нека го попрскаат со крвта жртвеникот од сите страни. 14Од неа нека Му го принесе на Гос­под како принос и лојот, што ја обвива утробата и сиот лој во неа, 15и обата бубрега, и сиот лој што е околу нив, што е по слабините, и ко­шулката на црниот дроб: сето тоа заедно со бубрезите нека го оддели. 16#1 Мојс 4,4; 1 Сам 2,16А свештеникот нека го изгори врз жртвеникот; тоа е храна на огнот – благопријатен мирис на Господ; сиот лој е за Господ. 17#7,26; 17,10-14; 19,26; 1 Мојс 9,4; 5 Мојс 12,16-23; 15,23Тоа нека е вечен закон за сите ваши поколенија, во сите ваши живеалишта: никаков лој и никаква крв да не јадете.“

Селектирано:

Левитска 3: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се