Левитска 25
25
Одмор за земјата
1 #
2 Мојс 23,10-12; 5 Мојс 15,1-11 #
2 Мојс 19,11
И му рече уште Господ на Мојсеј, на планината Синај, велејќи: 2„Јави им на синовите на Израел и кажи им: кога ќе дојдете во земјата, што ви ја давам Јас, земјата што ви ја давам нека ја празнува саботата Господова; 3шест години засејувај ја нивата своја и шест години режи го лозјето свое и прибирај ги плодовите нивни, 4#Ис 37,30; 2 Лет 36,21а во седмата година е сабота за земјата – нека има одмор земјата; тоа е сабота Господова: не ја сеј нивата своја и не го режи лозјето свое. 5#1 Мојс 40,10; 2 Цар 19,21; Неем 13,15Она што само ќе израсне на нивата твоја, не го жнеј, и грозјето од нережаните лози твои не собирај го: нека биде тоа година за починка на земјата. 6И за време на починката на земјата тоа нека биде храна за сите вас – за тебе и за твојот роб, за робинката твоја, за наемникот твој и за придојдениот, населен кај тебе; 7а за добитокот твој и за дивите животни што се на земјата твоја, тие плодови нека им бидат храна.
Проштална година
8И изброј седум саботни години, седумпати по седум, за да ти излезат во седумте саботни години четириесет и девет години; 9#2 Мојс 30,10; 4 Мојс 10,8; Ис.Н. 6,4; Суд 3,27; 1 Сам 13,3и затрубете го со трубен глас по целата земја ваша седмиот месец, во десеттиот ден од месецот; во Денот на очистувањето затрубете со труба по целата ваша земја; 10#2 Мојс 21,2; 5 Мојс 15,12; Ер 34,8-22и осветете ја педесеттата година и објавете слобода по земјата за сите жители; тоа да ви биде јубилеј; и секој да се врати на својот имот, и секој да се врати при родот свој. 11Педесеттата година да ви биде јубилеј; во таа година не сејте и не жнејте го она што ќе израсне само од земјата, ниту да го собирате грозјето од нережаните лози, 12зашто тоа е јубилеј: свет да биде тој за вас – од нивите јадете го она што само ќе израсне. 13Во таа јубилејна година секој нека се врати на имотот свој. 14#1 Сам 12,3-4; 1 Кор 6,8Ако му продаваш нешто на ближниот свој, или ако купуваш нешто од ближниот свој, не нанесувајте си неправда еден на друг; 15ти треба да купуваш од ближниот свој според бројот на годините по јубилејот, и според бројот на годините на приходот тој треба да ти продава; 16ако остануваат многу години, зголеми ја цената; ако остануваат малку години, намали ја цената; зашто определен број годишни жетви ти продава тој. 17#Ер 7,5-6; Јов 31,16; 1 Сол 4,6Не нанесувајте си неправда еден на друг; имај страв од твојот Бог, зашто Јас сум Господ, вашиот Бог. 18#1 Мојс 26,5; 5 Мојс 12,10; Ер 23,6; Ез 28,26; 34,25; Јов 5,22Извршувајте ги заповедите Мои, пазете и исполнувајте ги законите Мои, и спокојно ќе живеете на земјата; 19#5 Мојс 28,12; Ис 55,10и земјата ќе ги дава своите плодови, и ќе јадете до наситка и спокојно ќе живеете на неа. 20Ако кажете: што ќе јадеме во седмата година, кога не сме посеале ништо, не сме собрале производи наши, 21#2 Мојс 16,5; 5 Мојс 28,8; Ез 44,30; Агеј 2,19; Мал 3,10; Пс 133,3; 134,3Јас ќе испратам благослов Мој во шестата година, и таа ќе даде плод за три години; 22а во осмата година ќе сеете, но ќе јадете од старите производи до деветтата година; и додека не узреат плодовите нејзини, ќе јадете од старото.
Право на откуп на земјиште
23 #
Ер 32,6-9; Пс 39,12; Рута 4,1-12 #
1 Мојс 23,4; 2 Мојс 19,5; 1 Цар 21,3; Ез 46,18; Евр 11,13 Земјата не смее да се продава засекогаш, зашто земјата е Моја; вие сте кај Мене придојдени и доселеници; 24по целата земја на вашите имоти дозволувајте земјата да се откупува. 25Ако брат ти, кој е кај тебе, осиромаши и го продаде својот имот, тогаш да дојде неговиот најблизок роднина и нека го откупи продаденото од братот негов. 26Но, ако нема свој, кој да го откупи, но тој самиот успее и најде колку што треба за откуп, 27тогаш да ги пресмета годините од продажбата своја и да го врати другото на оној кому му го продал, и повторно да влезе во владението свое. 28Ако, пак, не најде колку што треба, за да врати, продаденото нека остане во рацете на купувачот сѐ до годината на јубилејот, а во јубилејната година да стане слободно и повторно да влезе во имотот свој. 29Ако некој продаде куќа за живеење во град ограден, таа може да се откупи сѐ додека не измине годината на продажбата нејзина – во текот на годината таа може да се откупи. 30Ако, пак, не се откупи додека не измине годината од продажбата нејзина, куќата што е во градот, ограден со ѕидови, засекогаш ќе остане во рацете на купувачот и родот негов, и во годината на јубилејот нема да му се одземе. 31А куќите по селата, околу кои нема ѕидови, треба да се сметаат за ниви; тие можат да се откупуваат, а во јубилејната година ќе се вратат. 32#4 Мојс 35,1-8; Ис.Н. 21,1-42; Ез 48,13-14А што се однесува до градовите на левитите, куќите во градовите на владението нивно, секогаш можат да ги откупуваат левитите; 33ако некој од левитите не ја откупи, тогаш продадената куќа во градот што е определен за левитите, ќе биде вратена во времето на јубилејната година, зашто куќите во градовите на левитите се нивно владение меѓу синовите на Израел. 34И земјата околу нивните градови не смее да се продава, зашто таа е нивно вечно владение.
Позајмување на сиромав
35 #
5 Мојс 15,7-8; 24,14-15; Пс 37,21.26; Лк 6,35 Ако братот твој осиромаши и изнемогне, поткрепи го, било тој да е туѓинец или преселеник, нека живее кај тебе. 36#2 Мојс 22,25; Ер 15,10Не земај му ни лихва, ни печалба, и имај страв од твојот Бог; братот твој нека живее кај тебе. 37Не давај му пари со камата, а и храната твоја не давај му ја со добивка. 38#22,33; 1 Мојс 10,19Јас сум Господ, Бог ваш, Кој ве изведе од египетската земја за да ви ја дадам земјата хананска и да бидам ваш Бог.
Право на откуп на лица
39 #
2 Мојс 21,2-11; 5 Мојс 15,12-18; 1 Цар 9,22; Ер 34,9-22 Кога ќе осиромаши кај тебе братот твој, и ти се продаде, не товари го со ропска работа; 40тој треба да ти биде како наемник, како преселник; нека ти работи до јубилејната година, 41#Ер 34,8а тогаш нека си отиде откај тебе, тој самиот и децата негови со него, и нека се врати меѓу родот свој и пак да влезе во имотот на татковците свои, 42бидејќи тие се Мои слуги, кои Јас ги изведов од египетската земја: тие не смеат да се продаваат како што се продаваат робовите. 43#2 Мојс 1,13; Ез 34,4; Кол 4,1Не господари над нив со жестокост и имај страв од твојот Бог. 44Ако сакаш да имаш свој роб и своја робинка, купувајте си роб и робинка од народите што се околу вас; од нив да си земате робови и робинки. 45Исто така и од децата на преселниците, населени меѓу вас, можете да купувате; и од нивните роднини, родени во земјата ваша, ако ги има, и тие можат да ви бидат сопственост. 46Можете да ги предавате во наследство и на синовите ваши по вас како вечен имот; а браќата ваши, синовите израелски, не обременувајте ги со многу работа. 47#Јов 24,9; Неем 5,5Ако твојот придојден или твојот преселник се збогати, а братот твој пред него осиромаши и му се продаде на придојдениот, населен кај тебе, или на некој друг од родот на придојдените, 48#Неем 5,8тогаш по продажбата тој може да биде откупен; некој од браќата негови треба да го откупи, 49#4 Мојс 27,8-11или братот на неговиот татко, или синот на стрикото негов треба да го откупи, или кој и да било од родот негов во племето, да го откупи, или самиот тој, ако се снајде да се откупи. 50#Јов 7,1; 14,6И да се расплати со купувачот свој, сметајќи од годините, кога се продал, па сѐ до годината на јубилејот, и да ги врати парите за кои се продал според бројот на годините, при што да се смета дека кај него бил како наемник; 51и ако остануваат уште многу години, тогаш сразмерно на нив да го врати својот откуп во пари, за кои бил купен; 52ако, пак, остануваат уште малку години до јубилејната година, да пресмета и сразмерно на годините да плати за себе откуп. 53#Кол 4,1Во текот на сите години тој да биде кај него како наемник, но тој не треба да биде преоптоваруван со работа пред твоите очи. 54Ако, пак, не се откупи на тој начин, тогаш во јубилејната година да замине самиот тој и децата негови со него,
Јас сум Господ, вашиот Бог
55 #
22,33
затоа што синовите на Израел се Мои слуги; тие се Мои слуги, кои ги изведов од египетската земја. Јас сум Господ, вашиот Бог.“
Селектирано:
Левитска 25: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006