Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Левитска 24

24
Светилата на светилникот
1И му рече Господ на Мојсеј, велејќи: 2#2 Мојс 25,31-40; 27,20-21; 4 Мојс 4,16„Заповедај им на синовите израел­ски да земат чисто маслиново масло, исцедено за светење, та светлото да гори секогаш 3#2 Мојс 12,14пред завесата во скинијата на собра­нието, а ќе го пали Арон постојано пред Господ од вечерта, дури до утрината; и тоа нека ви биде вечна наредба во родовите ваши. 4#2 Мојс 25,31На чист светилник распоредете ги све­тилата кои ќе горат постојано пред Господ;
Лебови на предложението
5 # 2 Мојс 25,30; 1 Сам 21,5-7; Мт 12,4; Евр 9,2 и земете пченично брашно и измесете од него дванаесет лебови – секој леб да тежи по две десетини од ефа; 6#2 Мојс 25,23-30поставете ги во два реда, по шест во ред, на чистата трпеза пред Господ. 7И во секој ред ставете и чист темјан; и тоа нека биде крај лебовите како спомен – жртва за Господ. 8#2 Мојс 25,30; 4 Мојс 4,7; 1 Лет 9,32; Мт 12,5Секој саботен ден постојано да се принесуваат лебови пред Господ од синовите израелски: тоа е вечен завет. 9#Мт 12,4; Мк 2,26; Лк 6,4Тие да му припаѓаат на Арон и на синовите негови за да ги јадат на свето место; тоа е голема светиња за нив од жртвите Господови, овековечена со закон.“
Казна за богохулник
10Тогаш излезе синот на една жена Израелка, што го беше родила со Египќанец, меѓу синовите Израелови и се скара со еден Израелец во населбата; 11#2 Мојс 3,15; 18,22; 20,7; 22,27; Јов 1,11и синот на Израелката похули на Името. И го доведоа кај Мојсеј; името на мајка му беше Шеломит, Дивриева ќерка од племето Даново; 12#2 Мојс 18,16па го ставија в затвор додека не се донесе за него пресуда според заповедта Господова. 13И му рече Господ на Мојсеј, ве­лејќи: 14#5 Мојс 13,9; 17,5.7; 1 Цар 21,9-15; Дела 7,58„Изведи го оној што хулеше надвор од логорот, а сите што чуја, нека ги стават рацете свои врз главата негова и целиот народ нека го убие со камења, 15и кажи им на синовите израелски: секој што ќе похули на својот Бог, ќе го прими својот грев; 16#2 Мојс 21,12; 1 Цар 21,10.13; Мт 26,66и оној што ќе го навреди името Господово, треба да умре, со камења да го убие сиот народ; било да е тој придој­ден или тукашен, ако похули на името Господово, да умре. 17#2 Мојс 20,13; 21,12-14Кој ќе убие човек, да биде умртвен. 18Кој ќе удри добиток и тој умре, да го плати; добиток за добиток. 19#5 Мојс 19,16-21; Авд 1,15На оној, што ќе му нанесе повреда на ближен, да му се направи и нему она што го направил тој; 20#2 Мојс 21,23-25; Мт 5,38-42прелом за прелом, око за око, заб за заб; како што му нанел повреда на човек, така и нему да му се направи. 21#2 Мојс 22,13Кој ќе убие добиток, нека го плати, но кој удри човек и умре, да биде умртвен. 22#2 Мојс 12,49; 4 Мојс 9,14; 15,16; Ез 47,22Една правда да има како за придојден така и за тукашен, затоа што Јас сум Господ, вашиот Бог.“ 23Така Мојсеј им зборуваше на си­новите израелски. И го изведоа оној што беше похулил надвор од населбата и го убија со камења; синовите на Из­раел направија така, како што му беше заповедал Господ на Мојсеј.

Селектирано:

Левитска 24: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се