Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Левитска 18

18
Закон за бракот и брачните односи
1 # 20,8-21 И му рече Господ на Мојсеј, велејќи: 2„Кажи им на синовите Израелови и речи им: Јас сум Господ Бог ваш. 3#1 Мојс 18,9; 2 Мојс 23,23-24; 2 Цар 16,3; 1 Лет 5,25Не постапувајте како што се поста­пува во египетската земја, во која живеевте, не постапувајте ни така како што постапуваат во земјата хананска, во која ве водам, и не управувајте се според нивните закони. 4#1 Мојс 26,5; 5 Мојс 4,1; 1 Цар 11,11; Ер 44,10.23; Ез 11,12Извршувајте ги сите Мои наредби и пазете ги сите Мои заповеди, постапувајќи според нив. Јас сум Господ, Бог ваш. 5#5 Мојс 4,1; 5,32; 6,24; 8,1; Неем 9,29; Рим 10,5; Гал 3,12Пазете ги сите Мои заповеди и сите Мои закони и извршувајте ги, и секој што ги извршува жив ќе биде. Јас сум Господ. 6Никој не смее да се доближува до сродница по тело, за да ја открие го­лотијата нејзина. Јас сум Господ. 7#5 Мојс 27,20; Ез 22,10И голотијата на таткото свој и голотијата на мајката своја да не ја откриваш; таа ти е мајка, не откривај ја голотијата нејзина. 8#20,11; 1 Мојс 35,22; 5 Мојс 23,1; 27,20; 1 Кор 5,1Голотијата на татковата жена не откривај ја; тоа е голотија на твојот татко. 9#5 Мојс 27,22; 2 Сам 13,13; Ез 22,11Голотијата на сестрата твоја, која е од татко ти или од мајка ти, родена во куќата или надвор од куќата, да не ја откриваш голотијата нејзина. 10Голотијата од ќерката на синот твој или од ќерката на ќерката твоја; не откривај ја голотијата нивна, зашто тие се твоја голотија. 11#20,17Голотијата на ќерката од жената на твојот татко, не откривај ја; таа ти е сестра по татко. 12Голотијата на татковата сестра не ја откривај; таа е од иста крв со таткото твој. 13Голотијата на мајкината сестра не ја откривај; таа е од иста крв со твојата мајка. 14#20,20Голотијата на татковиот брат не ја откривај и до неговата жена не се до­ближувај; таа ти е стрина. 15#1 Мојс 11,31; 38,16; Ез 22,11Голотијата на снаата своја не ја откривај, таа е жена на твојот син – затоа не ја откривај голотијата нејзина. 16#Мт 14,4; Мк 6,18Голотијата на братовата жена не откривај ја; тоа е голотија на братот твој. 17#20,14; 5 Мојс 27,23Голотијата на жена и на ќерка ѝ не ја откривај; ќерката на синот нејзин и ќерката на ќерката нејзина не ги земај, за да ја откриваш голотијата нивна: тие се од иста крв; тоа е беззаконие. 18Не земај ја за жена сестрата на твојата жена за да ја откриеш голотијата нејзина пред неа, сѐ уште додека е жива таа, зашто ќе создадеш меѓу нив со­перништво. 19И до жена, сѐ додека трае чистењето од нечистотијата нејзина, не доближувај се за да ја откриеш голотијата нејзина. 20#20,14; 2 Мојс 20,14; Мт 5,27-28; 1 Кор 6,9; Евр 13,4И со жената на ближниот твој не легнувај, за да излееш семе и да се оскверниш со неа. 21#20,2-5; 5 Мојс 12,31; 2 Цар 17,17; Ер 7,31; 19,5; Пс; 106,37-38Од децата свои не му принесувај жртва на Молох и не го обесчестувај името на твојот Бог. Јас сум Господ. 22#20,13; 1 Мојс 19,5; 5 Мојс 23,18; Рим 1,27; 1 Кор 6,9Не легнувај со маж, како со жена: тоа е одвратност. 23#20,15-16; 2 Мојс 22,18; 5 Мојс 27,21И со ниедно четвороножно животно не легнувај за да излееш семе, па да се оскверниш со него; и жена не смее да легнува под ниедно четвороножно жи­вотно, за да се спои со него: тоа е гнасотија. 24#5 Мојс 9,4; 18,12Не осквернувајте се со сево ова, затоа што со сето тоа се оскверниле народите, кои Јас сакам да ги отфрлам од вас; 25#5 Мојс 21,23; Ер 51,34; Јов 20,15и земјата се оскверни, и Јас ги каз­нив поради нивните беззаконија, и така земјата ги исфрли своите жители. 26#1 Мојс 26,5А вие пазете ги сите Мои закони и сите Мои повелби и не вршете ниедно од сите овие гнасотии, ниту вие овдеш­ните, ниту придојдените што живеат меѓу вас, 27зашто сите тие гнасотии ги правеа луѓето на таа земја, што беа пред вас, и земјата се оскверни; 28#Езд 9,11за да не ве исфрли земјата и вас, кога ќе ја оскверните, како што ги исфрли народите што беа пред вас. 29Зашто сите, што ги вршат овие гнасотии, ќе бидат истребени од народот свој. 30И така, пазете ги сите Мои повелби за да не постапувате според ниеден од нивните гнасни обичаи, како што правеа оние што беа пред вас, и да не се оскверните со нив. Јас сум Господ, Бог ваш.“

Селектирано:

Левитска 18: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се