Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Левитска 14

14
Чистење на лепрата од луѓето
1И му рече Господ на Мојсеј, велејќи: 2#Мт 8,4; Лк 17,14„Еве го законот за лепрозен, кога се извршува неговото очистување: нека го доведат кај свештеникот. 3Свештеникот треба да излезе надвор од населбата, па ако увиди дека тој се излекувал од лепрата, 4#4 Мојс 19,6.18; Пс 51,8да нареди за оној што се очистил да се земат две чисти живи птици, кедрово дрво, црвен јаток и исоп. 5Потоа свештеникот да заповеда да се заколе една од птиците над глинен сад, над изворска вода; 6и да ја земе живата птица, кедровото дрво, црвениот јаток и исопот, и да ги натопи нив и живата птица во крвта на птицата заклана над живата вода, 7#2 Цар 5,10.14; Ез 36,25и попрскувајќи го седумпати оној, кој се очистил од лепрата, да го прогласи за чист, а живата птица да ја пушти в поле на слобода. 8#3 Мојс 13,6; 14,9.20; 4 Мојс 5,2-3; 12,14-15; 2 Лет 26,21Оној, кој се очистил, да ги испере алиштата свои, да ја истриже сета коса, да се измие со вода, и ќе биде чист; потоа да влезе во населбата и да престои седум дена надвор од домот свој. 9#4 Мојс 6,9; 5 Мојс 21,12На седмиот ден да се избричат сите влакна на главата, на брадата, на веѓите – сите влакна да ги избричи и да ги испере алиштата, потоа да го измие телото свое со вода, и ќе биде чист; 10#4 Мојс 6,10; 15,9; 28,20; Мт 8,4на осмиот ден да земе две машки јагниња, без недостаток, и една овца едногодишна без мана како и три десетини од ефа пченично брашно, поме­шано со масло, со лебен принос, и еден лог масло. 11#4 Мојс 6,10.16Свештеникот, кој ќе го врши очис­тувањето, да го претстави оној што се очистува заедно со приносот пред Гос­под при влезот од скинијата на собранието. 12#2 Мојс 29,24И ќе го земе свештеникот едното јагне и ќе го приведе како жртва за вина, и логот со масло, и нека го принесе тоа, нишајќи ги пред Господ; 13#2 Мојс 29,11и ќе го заколе јагнето на она место, каде што се колат жртвите сепаленици поради грев, на свето место, зашто жртвата за вина како и жртвата за грев му припаѓа на свештеникот: тоа е голема светиња. 14#8,23; 2 Мојс 29,20И свештеникот ќе земе од крвта на жртвата за вина и ќе го намаже крај­чето од десното уво на оној кој се очистува, и палецот на десната негова рака, и палецот на десната негова нога. 15Потоа свештеникот нека го земе логот со маслото и нека излее од маслото во својата лева дланка, 16па ќе го натопи својот десен показалец во маслото што му е во левата дланка, и со прстот ќе попрска од маслото седумпати пред Господ, 17а со остатокот од маслото, што му е во дланката, ќе го намачка крајчето од десното уво на оној што се очистува, и палецот на десната нога, и палецот на десната рака, на оние места каде што е крвта од жртвата поради вина. 18Преостанатото, пак, масло, што му е во дланката на свештеникот, тој ќе го излее врз главата на оној што се очистува; и ќе го очисти свештеникот пред Господ. 19Потоа свештеникот ќе ја принесе жртвата за грев и ќе го очисти оној што се очистува од неговата нечистота, а потоа ќе ја заколе жртвата сепаленица. 20И ќе ги принесе жртвата сепаленица и лебниот принос на жртвеникот; и ќе го очисти свештеникот и тој ќе биде чист.
Очистување на сиромашен човек болен од лепра
21 # 5,7-13; 12,8 Ако е, пак, сиромав и не е во мож­ност, тој нека земе едно јагне како жртва за вина за своето очистување, и еден десетти дел од ефа пченично бра­ш­­но, помешано со масло, како лебен принос, како и еден лог масло, 22и две грлици или два млади гулаба, што ќе најде, – едната од тие птици да е жртва за грев, а другата – жртва сепаленица. 23На осмиот ден од своето очистување, да му ги донесе тој на свеш­теникот крај вратата од скинијата на собранието, пред лицето Господово. 24Свештеникот ќе го земе јагнето што е жртва за вина и логот со масло, и ќе го принесе тоа, нишајќи го пред Господ. 25И, штом ќе го заколе јагнето како жртва за вина, свештеникот ќе земе од крвта на жртвата за вина и ќе го намаже крајчето од десното уво на оној, кој се очистува, и палецот на десната рака, и палецот на десната нога. 26А од маслото свештеникот ќе излее во својата лева дланка; 27и со десниот показалец, од маслото што му е во левата дланка, да попрска седумпати пред Господ. 28И да го намаже свештеникот со масло, од она што му е во дланката, крајчето на десното уво на оној што се очистува, и палецот на десната рака, и палецот на десната нога, на она место каде што е крвта од жртвата за вина. 29Остатокот, пак, од маслото што му е во дланката, да го излее врз главата на оној што се очистува, за да го направи чист пред Господ. 30Потоа нека ја принесе свештеникот едната грлица, или едниот млад гулаб, каков што ќе најде, оној, кој се очистува; 31едната птица – жртва за грев, а другата – жртва сепаленица, заедно со лебниот принос; и свештеникот ќе го на­прави оној што се очистува чист пред Господ. 32Тоа е законот за оној што добил лепра, а при чистењето немал доволно средства.“ 33И им рече Господ на Мојсеј и на Арон, велејќи:
Дамки по ѕидовите од куќите
34 # 1 Мојс 12,5; 17,8; 2 Мојс 6,4; 4 Мојс 13,2; 27,12; 32,22; 5 Мојс 3,27; 7,1; 32,49 „Кога ќе влезете во земјата ханан­ска, што ви ја давам да ја владеете, и ќе испратам лепра во куќите што ќе бидат ваши, 35тогаш оној, чија е куќата, треба да отиде кај свештеникот и да каже: ‚по сѐ изгледа во мојата куќа се појави зараза.‘ 36А свештеникот ќе нареди куќата да се испразни пред тој да влезе да ја прегледа заразата, за да не стане нечисто сѐ што е во куќата; потоа свештеникот ќе дојде и ќе ја прегледа куќата. 37И тој, кога ќе ја прегледа раната и ќе види дека заразата по ѕидовите на куќата се состои од зеленикави или црвеникави длабнатинки и по својот изглед се всадила во ѕидовите, 38ќе излезе од куќата низ вратата, а куќата ќе ја затвори за седум дена. 39А кога во седмиот ден ќе се врати, и ќе види дека заразата се проширила по ѕидовите на куќата, 40ќе нареди да се извадат камењата на кои има зараза, и да се фрлат надвор од населбата, на нечисто место; 41а куќата одвнатре целата да ја истружат и струганиците да ги исфрлат надвор од градот, на нечисто место. 42И да земат други камења и да ги стават на местото на извадените и со друг малтер да ја измачкаат куќата. 43Ако заразата пак се појави и почне да се шири по куќата, откако се из­ва­дени камењата и куќата е истругана и премачкана, 44свештеникот, штом ќе влезе и види дека заразата се раширила по куќата, во таа куќа има лоша лепра – нечиста е. 45Таа куќа да се урне, а камењата и дрвата и сиот малтер од куќата да се изнесат надвор од градот, на нечисто место. 46Оној што ќе влегува во таа куќа, додека е таа затворена, нечист ќе биде до вечерта; 47а оној што ќе спие во таа куќа, да ја испере облеката своја; и кој ќе јаде во таква куќа, и тој треба да ја испере облеката своја. 48Ако, пак, свештеникот дојде и види дека заразата во куќата не се раширила, откако е куќата премачкана, нека ја прогласи куќата за чиста, бидејќи заразата поминала. 49А за да ја очисти куќата, ќе земе две живи птици, кедрово дрво, црвен јаток и исоп, 50и ќе ја заколе едната птица над глинен сад, над изворска вода. 51Потоа тој ќе го земе кедровото дрво и исопот, црвениот јаток и живата птица и ќе ги натопи во крвта од закланата птица и во изворската вода, и ќе ја попрска куќата седумпати, 52и ќе ја очисти куќата со крвта од птицата и со живата вода, со живата птица и кедровото дрво, со исопот и со црвениот јаток; 53потоа живата птица да ја пушти во полето, надвор од градот, и ќе го очисти домот и домот ќе биде чист. 54Тоа е законот за секоја зараза од лепра и за ќелата, 55и за лепра по облеката и по куќите, 56и за оток, и за лишаи, и за дамки, – 57за да се знае кога се тие нечисти, а кога – чисти: ова е законот за лепрата.“

Селектирано:

Левитска 14: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се