Еве што му одговорив на срцето мое и поради тоа имам надеж: по милоста на Господ не загинавме наполно, бидејќи милосрдието Негово не е пресекнато; тоа се обновува секое утро; верноста Негова е голема! Господ е дел мој, ми вели душата, па така на Него ќе се надевам. Добар е Господ кон оние, кои се надеваат на Него, кон душата, која Го бара. Добро му е на оној, кој трпеливо го очекува спасението од Господ. Добро е за човекот да го носи јаремот свој во младоста своја. Сам ќе седи и ќе молчи, бидејќи Господ му го ставил бремето врз него. Нека ја допре устата своја до земјата, можеби уште има надеж. Го подава образот свој на оној, кој бие, да трпи навреди до презаситување, бидејќи Господ не отфрла за навек. Пратил ли неволја, Тој и ќе се смилува според Својата голема милост. Зашто Тој не по волјата на Своето срце ги казнува и ги ожалостува синовите човечки. Но, кога ги газат со нозете сите затвореници на земјата, кога неправедно осудуваат човек пред лицето на Севишниот, кога му се нанесува неправда на човекот во неговиот спор: зар Господ не гледа? Кој вели – „Бива и она што Господ не заповедал да биде?“ Зар не доаѓаат и злото и доброто од устата на Господ? На што се жалат живите луѓе? Секој за гревовите свои? Да ги испитаме и да ги истражиме патиштата свои и да се вратиме кај Господ. Нека го подигнеме срцето свое и рацете свои кон Бога, Кој е на небесата.
Прочитај Плачот 3
Сподели
Спореди ги сите верзии: Плачот 3:21-41
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа