Тогаш Исус го повика Рувимовото и Гадовото племе и едната половина од Манасиевото племе и им рече: „Вие чувте сѐ, што ви беше заповедано од Мојсеј, слугата Господов, и ги послушавте сите мои зборови во сѐ, што ви заповедав; вие не ги напуштавте браќата свои во текот на многу денови и ги запазивте заповедите на Господ, вашиот Бог. Сега Господ, вашиот Бог, ги успокои вашите браќа, како што им беше говорел; и така, вратете се и одете во домовите ваши, во земјата на вашето наследство, што ви ја даде Мојсеј, слугата Господов, од онаа страна на Јордан; само пазете грижливо да ги исполнувате заповедите и законот, што ви го даде Мојсеј, слугата Господов: да Го сакате Господа, вашиот Бог, да одите по сите Негови патишта, да ги пазите заповедите Негови, да се приврзувате кон Него и да Му служите со сето срце ваше и со сета душа ваша.“
Прочитај Исус Навин 22
Сподели
Спореди ги сите верзии: Исус Навин 22:1-5
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа