Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Исус Навин 15

15
Пределите доделени на Јуда
1 # 1 Мојс 49,8-12; 5 Мојс 33,7 Племето на Јудините синови, според родовите нивни, го доби пределот кон границата со Едом и пустината Син и уште на југ во насока кон Теман. 2Нивната јужна граница допира до крајниот јужен дел на Мртвото Море; 3на југ таа се протега кон ридот Акравим, поминува низ пустината Син, влегува од југ кон Кадис-Барнеа, излегува на Есром и се протега до Адар, па потоа свртува кон Карка, 4излегувајќи на Ацмон, оди кон Египетскиот Поток, така што крајот на таа граница е морето. Тоа е нивната јужна граница. 5Граница на исток беше Соленото Море до устието на Јордан; а границата на север почнува од Соленото Море од крајот на Јордан; 6оттука границата оди кон Бет-Хо­г­ла, минува на север кон Бет-Арава и оди угоре до Каменот на Бохан, Руви­мовиот син; 7потоа границата оди кон Давир и поминувајќи низ долината Ахор, свртува на север кон Гилгал, кој се наоѓа наспроти ридот Адумим на југ од потокот; потоа границата преминува кон изворот Ен-Шемеш и завршува кај Ен-Рогел; 8#Суд 19,10оттука границата оди угоре кон долината Бен-Хином, на југ од Јевус, односно Ерусалим, а потоа продолжува по врвот на гората, што е на запад од долината Бен-Хином, кон морето, до крајот на Рефаимската Долина, на север; 9од врвот на гората границата свртува кон изворот на водите Нефтоах и оди покрај градовите кај гората Ефрон; потоа границата свртува кон Ваала, а тоа е Кирјат-Јарим; 10потоа границата свртува од Ваала кон морето и оди кон планината Сеир, и излегува на падините северно од Јеарим, односно Кесалон, слегува кон Ветсамис и доаѓа до Тимна; 11оттука границата оди на север позади Екрон; свртува кон Шикерон, минува преку гората Ваала и стигнува до Јавнел; и границата завршува кај морето. Западна граница е Големото Море. 12Тоа се границите на областите на Јудините синови според нивните родови. 13А на Јефунеовиот син Халев, Исус му даде еден дел меѓу Јудините синови, како што му беше заповедал Господ на Исус; а и градот Кирјат-Арба (Арба му беше татко на Анак) т.е. градот Хеврон. 14#4 Мојс 13,22; Суд 1,10Халев ги истера оттаму трите синови на Анак: Шешај, Ахиман и Талмај. 15Оттаму тој тргна против Давир­чаните; порано Давир се нарекуваше Кирјат-Сефер. 16#1 Лет 2,49И рече Халев: „Кој ќе го нападне Кирјат-Сефер и ќе го покори, ќе му ја дадам ќерката моја Ахса за жена.“ 17#Суд 3,9.11; 1 Лет 4,13И го презеде Готониил, син на Кеназ, братот на Халев, и тој му ја даде ќерка си Ахса за жена. 18Кога требаше таа да замине, ја посоветуваа да побара од таткото свој земја, и таа слезе од магарето. Халев ја запраша: „Што сакаш?“ 19Таа одговори: „Благослови ме; бидејќи ми даде јужна земја, која е сува, дај ми и извори.“ И тој ѝ ги даде горните и долните извори. 20Ете тоа е наследството на племето на Јудините синови, според родовите нивни. 21А ова се пограничните градови на Јудините синови, долж границата со Едом, на југ: Кавцеел, Едер и Јагур, 22Кина, Димона, Адада, 23Кедес, Асор и Јитнан, 24Зиф, Телем и Беалот, 25Асор-Хадата и Кериот-Есром, нарекуван и Асор, 26Амам, Шема и Молада, 27Хацар-Гада, Хешмон и Бет-Пелет, 28Хацар-Шуал, Вирсавија и околните места. 29Ваала, Ијим и Ецем, 30Елтолад, Кесил и Хорма, 31Циклаг, Мадмана и Сансана, 32Леваот, Шилхим, Ен-Римон; сите градови се дваесет и девет со селата нивни. 33Во рамнината: Ештаол, Цора, Ашна 34Заноах, Ен-Ганим, Тапуах и Енам, 35Јармут, Адулам, Сохо и Азека, 36Шаараим, Адитаим, Гедера со Гедеротаим; четиринаесет градови со селата нивни. 37Ценан, Хадаша, Мигдал-Гад, 38Дилан, Мицпа, Јоктел, 39Лакиш, Боцкат и Еглон, 40Кабон, Лахмас и Китлиш, 41Гедерот, Бет-Дагон, Ноема и Македа; шеснаесет градови со селата нивни. 42Ливна, Етер и Ашан, 43Ефтај, Ашна и Нецив, 44Кеила, Ахзив и Мареша: девет градови со селата нивни. 45Екрон и селата негови, и предградијата негови, 46и од Екрон, кон запад и сѐ што е до Ашдод, со селата нивни. 47Ашдод, селата негови и предградијата негови, Газа, со селата нејзини и предградијата нејзини, до самиот Египетски Поток и до Големото Море, кое е граница; 48и на планините: Шамир, Јатир и Сохо, 49и Дана и Кирјат-Сана, нарекуван и Давир, 50Анав, Ештемоа и Аним, 51Гесем, Холон и Гило, единаесет градови со селата нивни. 52Арав, Дума и Ешан, 53Јанум, Бет-Тапуах и Афека, 54Хумта и Кирјат-Арба, а тоа е Хеврон, и Циор – градови девет и селата нивни. 55Маон, Кармил, Зиф и Јута, 56Јизреел, Јоркеам и Заноах, 57Каин, Гива и Тимна – градови десет со селата нивни. 58Халхул, Бет-Цур и Гедор, 59Марат, Бет-Анот и Елтекон – шест градови со селата нивни; 60Кирјат-Ваал, нарекуван и Кирјат-Јарим, и Рава: два града со селата и предградијата нивни; 61во пустината: Бет-Арава, Мидин и Сехаха, 62Нившан, Ир-Мелах и Ен-Геди – шест градови и селата нивни. 63#Суд 1,8Но Јудините синови не можеа да ги избркаат Јевусијците, жителите на Ерусалим, и затоа Јевусијците живеат со синовите на Јуда во Ерусалим до денес.

Селектирано:

Исус Навин 15: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се