Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Исус Навин 13

13
Преостанатите области кои треба да бидат освоени
1 # 24,1-2 Кога Исус остаре и навлезе во поодмината возраст, Господ му рече: „Ти остаре и веќе си во поодминати години, а останува уште многу да се завладее. 2Остануваат уште овие земји: сите филистејски предели и сите области на Гесуријците. 3#Суд 3,3Од Шихор кој е кон Египет до границите на Екрон на север, се смета како подрачје на Хананците. Тоа се пет филистејски кнежества со главни градови: Газа, Ашдод, Ашкелон, Гет и Екрон како и територијата на Авим­ците. 4На југ, пак, целата хананска земја и Меара Сидонска, до Афека и до аморејските предели, 5исто така целата земја Гевла и ис­точен Ливан од Ваал-Гад, во поднож­јето на Ермон, до Емат. 6#23,5; 4 Мојс 33,54; 34,13; Пс 80,8Сите планински жители од Ливан до Мисрефот-Маим, сите сидонци, Јас ќе ги избркам пред синовите Израелови. Па раздели му ја таа земја со ждрепка во наследство на Израел, како што ти заповедав; 7#11,23раздели ја оваа земја сега како дел од наследството на деветте племиња и на половината од Манасиевото племе.“
Поделба на земјата источно од Јордан
8 # 12,6 А племето Рувимово и Гадово, со другата половина од Манасиевото племе, го добија својот дел од Мојсеј од онаа страна на Јордан, на исток, како што им беше дал Мојсеј, слугата Господов, 9од Ароер, кој е до устието на потокот Арнон, и од градот, кој е среде долината, целата висорамнина Медева дури до Дивон. 10Исто така сите градови на амореј­скиот цар Сихон, кој царуваше во Есевон дури до пределите на Амо­новите синови, 11како и Галаад и Гесурската и Маа­хат­ската област, и целата планина Ермон и целиот Башан до Салеха, 12целото царство Огово во Башан, кој царуваше во Аштарот и во Едреи. Само тој остана од гигантите, зашто Мојсеј нив ги победи и ги протера. 13Но Израеловите синови не ги из­бркаа жителите на Гесур и Маахат кои живеат меѓу Израелците и до ден-денешен. 14#13,33; 14,3; 5 Мојс 18,1Само на Левиевото племе не му даде наследство; Господ, Израеловиот Бог, е негово наследство, како што му беше рекол Господ; 15на племето на Рувимовите потомци според родовите нивни Мојсеј им даде дел: 16нивните предели беа од Ароер на устието од реката Арнон, и градот, што е во долината Арнонска, како и висорамнината околу Медева, 17Есевон со сите градови на висорам­нината: Дивон, Бамот-Ваал и Бет-Ва­ал-Меон. 18И Јахца и Кедемот, и Мефаат; 19и Кирјатаим, и Сивма и Це­рет-Ша­хор, 20и Бет-Пеор, и падините на Фазга и Бет-Јешимот; 21сите градови на висорамнината и целото царство на аморејскиот цар Си­хон, кој царуваше во Есевон, и кого го победи Мојсеј, како и мидјанските старешини Евиј, и Рекем, и Цур, Ор и Рева, вазали на Сихон, што живееја во таа земја; 22#4 Мојс 22,5; 31,8исто така и врачот Валаам, Бео­ровиот син, го убија со меч Изра­еловите синови. 23Граница на пределите на Руви­мовите синови беше Јордан. Тоа беше делот на Рувимовите синови според нивните племиња – нивните градови и селата. 24#4 Мојс 32,34Мојсеј им даде наследство и на Га­довите синови, според нивните племиња: 25нивни предели беа Јазер и сите га­лаадски градови и половината од земјата на Амоновите синови до Ароер, кој е наспроти Рава; 26и земјите од Есевон до Ра­мат-Миц­па и Бетоним и од Маханаим до границата со Давир, 27а и во долината: Бет-Харам, и Бет-Нимра, и Сукот, и Цафон, остаток од царството на хешбонскиот цар Сихон; неговата територија беше од Јордан до Генисаретското Езеро – од онаа страна на Јордан, кон исток. 28Тоа е наследството на Гадовите синови според нивните племиња, – нивните градови и нивните села. 29Мојсеј му даде дел и на половината од Манасиевото племе, според родовите нивни; 30нивни предели беа: од Маханаим, и целото царство Башанско, и целиот Башан на башанскиот цар Ог и сите Јаирови населби во Башан – шеесет градови; 31а половината од Галаад, и Аштарот и во Едреи, градови царски на Ог Башански, тие им беа дадени на синовите од Махир, Манасиев син, а тоа значи на Махировите синови, според родовите нивни. 32Тоа е наследството што им го даде Мојсеј во Рамнините Моавски од онаа страна на Јордан, спроти Ерихон, кон исток. 33#13,14; 18,7; 4 Мојс 18,20; Ез 44,28А на Левиевото племе Мојсеј не им даде дел: Самиот Господ, Бог Израелов, е нивни дел, како што им беше рекол Тој.

Селектирано:

Исус Навин 13: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се