Исус Навин 12
12
Список на царевите поразени од Израелците
1 #
5 Мојс 2,26–3,17; Пс 136,21 Еве ги царевите на оние земји, кои синовите Израелови ги убија и чија земја ја наследија од онаа страна на Јордан, од каде што изгрева сонцето, од Арнонската долина сѐ до планината Ермон, и целата рамнина на исток; 2#4 Мојс 21,21; 5 Мојс 2,36Сихон, аморејскиот цар, со престолнина во Есевон, и со власт што се протега од Ароер, што се наоѓа крај бреговите на потокот Арнон, до средината на потокот, и половината Галаад, до потокот Јавок, кој е граница со Амоновите синови; 3потоа рамнината на исток од Генисаретското Езеро, сѐ до областа источно од Мртвото Море, во насока на Бет-Јешимот и уште на југ регионот во подножјето на планината Фазга; 4#21,33и Ог, башанскиот цар, последниот од гигантите кој живееше во Аштарот и во Едреи, 5и владееше во планината Ермон и Салеха, и со целиот Башан, до Гесурската и Маахатската граница, и со половината од Галаад, до пределите на хешбонскиот цар Сихон. 6#4 Мојс 21,21-35; 32,28-30Мојсеј, слугата Господов, и синовите Израелови ги убија; и ја даде Мојсеј, слугата Господов, таа земја во наследство на племето Рувимово и Гадово и на половината од племето Манасиево. 7А ова се царевите, кои ги победи Исус и синовите Израелови од онаа страна на Јордан на запад, од Ваал-Гад во Ливанската долина до планината Халак, која се протега кон Сеир, и чија земја Исус им ја подели во наследство на племињата Израелови со ждрепка; 8тоа се областите по планината, по низините, во рамнината и во ридовите, во пустината и во јужните области, каде што живеат Хитијците, Аморејците, Хананците, Перизијците, Евејците и Јевусијците; 9царот ерихонски – еден, и царот на Гај, што е близу до Ветил, еден 10ерусалимски цар – еден, хевронски цар – еден, 11јармутски цар – еден, лахишки цар – еден, 12еглонски цар – еден, гезерски цар – еден, 13девирски цар – еден, гедерски цар – еден, 14цар на Хорма – еден, арадски цар – еден, 15цар на Ливна – еден, адуламски цар – еден, 16македски цар – еден, ветилски цар – еден, 17цар на Тапуах – еден, хеферски цар – еден, 18афекски цар – еден, лашаронски цар – еден, 19мадонски цар – еден, хацорски цар – еден, 20цар на Шимрон-Мерон – еден, ахшафски цар – еден, 21таанахски цар – еден, мегидонски цар – еден, 22кедешки цар – еден, цар на Јокнеам Кармил – еден, 23дорски цар на висорамнината Дор – еден, гоимски цар во Галил – еден, 24#Пс 135,11; 136,18и царот на Тирца – еден. Вкупно триесет и еден цар.
Селектирано:
Исус Навин 12: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006