Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Исус Навин 11

11
Борбата кај Мером
1 # Суд 4,2-23; Пс 48,4 Кога го чу тоа хацорскиот цар Јавин, прати луѓе кај мадонскиот цар Јовав и кај шимронскиот цар, и кај ахшафскиот цар, 2и кај царевите, што живееја на пла­нината откај север, и во долината јужно од Генисаретското Езеро и во рамнината и на височините кај Дор на запад. 3И кај приморските Хананци, што живееја на исток, и кај приморските Аморејци, и кај Хитијците, и кај Пери­зијците и Јевусијците, кои живееја во планината, и кај Евејците, што живееја во подножјето на Ермон, во регионот Мицпа. 4#Суд 5,19; 7,12; 1 Сам 13,5; Откр 20,8И излегоа сите тие цареви, а со нив и многу луѓе, толку многу колку песокот во Приморјето, со коњи и мно­гу коли. 5И слегоа сите тие цареви, па се соединија и се сместија кај езерото Мером, за да војуваат против Израел. 6Но Господ му рече на Исус: „Не плаши се од нив, зашто утре, во ова време, ќе им ги предадам нив сите на синовите Израелови, за да ги убијат; а на коњите да им ги пресечат жилите и колите со оган да ги изгорат.“ 7Исус и со него сите способни за војна излегоа ненадејно против нив кај Меромското Езеро и ги нападнаа. 8И Господ ги предаде во рацете Израелови, и тие ги разбија и ги гонеа дури до големиот град Сидон и до Мисрефот-Маим и до долината на Мицпа на исток, и ги убиваа сѐ додека од нив не остана никој жив. 9И постапи Исус со нив така, како што му рече Господ: на коњите им ги пресече жилите, а колите им ги изгоре со оган.
Пустошењето на Асор
10Во исто време Исус, откако се вра­ти, го презеде Асор и царот негов го уби со меч. Асор, пак, порано беше гла­вен град на сите тие царства; 11#4 Мојс 31,10; 5 Мојс 7,2; 20,16-17и погуби со меч сѐ живо, што беше во него, и не остави во него ниедна жива душа. А Асор, тој го изгоре со оган. 12#4 Мојс 33,50-52; 5 Мојс 7,2; 20,16-17И сите градови на тие цареви ги зазеде Исус, и царевите со меч ги уби, како што беше заповедал Мојсеј, слугата Господов. 13Но, сите тие утврдени градови, Израел не ги изгоре, освен Асор, кој го запали Исус. 14#5 Мојс 20,16А сето богатство од тие градови и добитокот го запленија синовите Изра­елови; сите луѓе, пак, ги убија со меч, така што сите беа истребени; не оставија ниту една жива душа. 15#1,7Како што му беше заповедал Гос­под на Својот слуга Мојсеј, така Мојсеј му заповеда на Исус, а Исус така и направи: не отстапи ниту од еден збор во сѐ што му беше заповедал Господ на Мојсеј.
Исус ги завршува освојувањата на земјите
16Така ја презеде Исус целата онаа земја: планинската област и целата зем­ја Негев и целата земја Гесем, како и рамнината на запад, и планината Из­раелова, и полињата, 17#5 Мојс 7,24од планината Халак, која се протега кон Сеир, и дури до Ваал-Гад, во долината на Ливан, под планината Ер­мон, и сите цареви нивни ги фати и ги уби. 18Долго време Исус војуваше со тие цареви. 19И немаше ниеден град, кој Господ не му го предаде на Израел, освен Гаваон во кој живееја Евејците; сите тие со борба ги зазедоа; 20зашто од Господ беше тоа, тие да го ожесточат срцето свое и да започнат борба против Израел за да бидат фрлени во проклетство и за нив да нема милост, туку да бидат погубени така, како што му беше заповедал Господ на Мојсеј. 21#5 Мојс 2,10-11; Суд 1,10-15Во тоа време пристигна Исус и ги нападна Анакијците на планината, во Хеврон, во Давир, во Анав, по целата планина Израелова, и по целата планина Јудина со градовите нивни и ги фрли во проклетство. 22Од Анакијците не остана ниеден во земјата на синовите Израелови; останаа само во Газа, во и во Ашдод. 23#21,43-45; 5 Мојс 1,38; 12,9-10; 25,19; Суд 3,11Така ја презеде Исус целата земја, како што му беше заповедал Господ на Мојсеј, и му ја предаде Исус во наследство на Израел, откако ја раздели на племињата нивни. И земјата престана да војува.

Селектирано:

Исус Навин 11: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се