Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Јона 3:1-10

Јона 3:1-10 MK2006

И повторно дојде словото Господово до Јона, велејќи му: „Стани и појди во градот Ниневија, големиот град и проповедај му го она што ќе ти кажам.“ Стана Јона и отиде во Ниневија по заповед на Господ; а Ниневија беше многу голем град: три дена одење. И Јона почна да оди по градот, кол­ку што можеше да се изоди за еден ден, и проповедаше, велејќи: „Уште чети­риесет дена и Ниневија ќе биде разурната!“ И поверуваа Ниневјаните во Бога, прогласија пост и се облекоа во вреќи, мало и големо. Таа проповед дојде и до царот на Ниневија, и тој стана од престолот свој, ја соблече царската облека, се облече во вреќиште и седна во пепел, па заповеда да се прогласи и да се каже во Ниневија од името на царот и од неговите големци, ни луѓето, ни добитокот, ни воловите, ниту овците да не јадат ништо и да не одат на пасење и да не пијат; и луѓето и добитокот да бидат по­к­риени со вреќишта и силно да извикуваат кон Бога: секој да се откаже од својот лош пат и од неправдите што ги вршел. Кој знае, можеби Бог ќе се смилос­тиви и ќе го отфрли од нас Својот разгорен гнев, и така да не загинеме. И ги виде Бог нивните дела дека тие се одвратија од својот лош пат, па се сожали по однос на злото, за кое беше рекол дека ќе го нафрли врз нив, и не го нафрли.