И ѝ заповеда Господ на една голема риба да го проголта Јона; и Јона остана во утробата на тој кит три дена и три ноќи. Му се помоли Јона на својот Господ Бог од утробата на рибата, па рече: „Кон Господ повикав во мојата неволја и Тој ме чу; извикав од утробата на пеколот – и Ти го чу гласот мој. Ти ме фрли во длабините, во срцето на морето, и вода ме опколуваше, и сите води Твои и бранови Твои минуваа преку мене. Тогаш реков: Отфрлен сум од очите Твои, како ќе ја видам светињата Твоја? Ме притиснаа водите до гушата моја, бездната ме затвори; со трева морска главата моја е обвиена. Слегнав до корените на планините, земјата со резињата свои за навек ме затвори, но Ти, Господи, Боже мој, ја изведе душата моја од јамата.
Прочитај Јона 2
Сподели
Спореди ги сите верзии: Јона 2:1-7
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа