Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Јона 1:1-6

Јона 1:1-6 MK2006

И дојде слово Господово до Јона, синот на Амитај: „Стани и оди во Ниневија, градот голем, и проповедај во него, зашто не­говите лоши дела стигнаа до Мене.“ А Јона стана за да избега во Тарсис од лицето Господово; слезе во Јафа, каде што најде брод што плови за Тар­сис, па откако ја плати возарината, вле­зе во него за да избега во Тарсис од лицето Господово. Но Господ испрати силен ветар над морето, и настана голема бура, така што бродот за малку ќе се разбиеше. Морнарите се уплашија и повикаа секој кон својот бог, па почнаа товарот од бродот да го фрлаат во морето, за да му се олесни; а Јона беше слегол во дното на бродот, легнал и длабоко заспал. Тогаш дојде кај него капетанот на бродот и му рече: „Што, ти спиеш!? Стани и повикај кај твојот Бог! Можеби Тој Бог ќе се сети на нас, и ние нема да загинеме.“