Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Јоил 2:21-27

Јоил 2:21-27 MK2006

Не бој се, земјо; радувај се и весели се, зашто Господ изврши големи дела. Не плашете се ѕверови полски, зашто пасиштата на пустината ќе се наполнат со трева, дрвјата ќе го дадат својот плод, смоквата и лозјата ќе дадат изобилен род. А и вие, чеда Сионови, радувајте се и веселете се во Господ, вашиот Бог; зашто Тој ви дава умерен дожд, па ќе ви праќа дожд – пролетен дожд и есенски дожд, како и порано. И ќе се наполнат гумната со жито и ќе се преполнат бочвите со гроздов сок и со масло. И ќе ви надоместам за оние години, кога испојадоа сѐ скакулците, црвите, бумбарите и гасениците – Мојата голема војска што ја пратив против вас. Во изобилство ќе јадете и ќе се на­ситувате и ќе го славите името на Гос­под, вашиот Бог, Кој со вас постапи на чудесен начин, така што Мојот народ нема да се посрами довека. И ќе познаете дека Јас сум среде Израел и дека Јас сум Господ, вашиот Бог, и дека нема друг, и Мојот народ не­ма да се посрами довека.“