Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Јоил 2:21-27

Јоил 2:21-27 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

Не бој се, земјо; радувај се и весели се, зашто Господ изврши големи дела. Не плашете се ѕверови полски, зашто пасиштата на пустината ќе се наполнат со трева, дрвјата ќе го дадат својот плод, смоквата и лозјата ќе дадат изобилен род. А и вие, чеда Сионови, радувајте се и веселете се во Господ, вашиот Бог; зашто Тој ви дава умерен дожд, па ќе ви праќа дожд – пролетен дожд и есенски дожд, како и порано. И ќе се наполнат гумната со жито и ќе се преполнат бочвите со гроздов сок и со масло. И ќе ви надоместам за оние години, кога испојадоа сѐ скакулците, црвите, бумбарите и гасениците – Мојата голема војска што ја пратив против вас. Во изобилство ќе јадете и ќе се на­ситувате и ќе го славите името на Гос­под, вашиот Бог, Кој со вас постапи на чудесен начин, така што Мојот народ нема да се посрами довека. И ќе познаете дека Јас сум среде Израел и дека Јас сум Господ, вашиот Бог, и дека нема друг, и Мојот народ не­ма да се посрами довека.“

Јоил 2:21-27 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

О земјо, не бој се! Биди весела, радувај се, зашто Господ направи големи дела. Полски ѕверови, не бојте се; пасиштата во пустината се зеленеат пак, овошките даваат род, смоквата и лозата носат изобилство. Сионски синови, радувајте се, веселете се во Господа, вашиот Бог; зашто ви дава есенски дожд во права мера, излеа дожд врз вас, есенски и пролетен дожд како некогаш. Гумната ќе бидат полни со жито, каците ќе се прелеваат од вино и масло. „Ќе ви ги надоместам годините што ги изедоа скакулецот, гасеницата, црвецот и бубачката, Мојата силна војска што ја испратив против вас. Ќе јадете изобилно, ќе јадете до ситка, ќе го славите името на Господа, вашиот Бог, Кој постапуваше чудесно со вас. Мојот народ не ќе се засрами никогаш веќе. Ќе знаете дека Сум сред Израел, дека Јас Сум Господ, ваш Бог, и никој друг. Мојот народ нема да се засрами.