Јов 39
39
1 #
Пс 104,18
„Го знаеш ли времето, кога дивите кози раѓаат по карпите, и си гледал ли како раѓаат срните? 2Можеш ли да ги преброиш месеците на нивната бременост? И го знаеш ли времето кога раѓаат? 3Тие се превиткуваат, и раѓајќи ги малечките свои, се ослободуваат од болките свои. 4Породот нивни зајакнува, расте во полето, си оди и не се враќа при нив. 5#11,12; 24,5; 1 Мојс 16,12; Ер 2,24; Ос 8,9Кој го пуштил на слобода дивото магаре и кој му ги разврзал врските негови, 6кому сум му ја одредил пустината за дом и соланите – за живеалиште. 7Тој се потсмева на вревата во градот и не го слуша викањето на терачот, 8си бара храна по горите и се впушта на секое зелено растение. 9Ќе сака ли еднорог да ти служи и ќе ноќева ли во твоите јасли? 10Можеш ли да го врзеш со јаже еднорогот за браздата, и ќе ја браносува ли по тебе нивата? 11#4 Мојс 23,22; 5 Мојс 33,17; Пс 92,10Ќе се потпреш ли на него, бидејќи силата му е голема и ќе му ја оставиш ли нему твојата работа? 12Ќе му поверуваш ли дека тој ќе ги врати семињата твои и ќе ги донесе на гумното твое? 13Со своите крилја нојот радосно мавта; какви нежни пердуви и какви перја тој има! 14Тој ги остава јајцата свои на земјата и ги топли на песокот, 15и заборава дека нога може да ги скрши или полска ѕверка да ги згази; 16#Плач 4,3немилостив е спрема малечките свои, како да не се негови, и не се плаши дека трудот негов ќе биде залуден, 17#35,11зашто Бог не му дал мудрост и не го надарил со разум; 18#Пс 33,17; 147,10а кога ќе се извиши високо, му се потсмева на коњот и на јавачот негов. 19#Ер 4,13; Авак 1,8; Зах 6,2-6Ти ли му даде сила на коњот и ти ли го украси вратот негов со грива? 20Можеш ли да го исплашиш како скакулец? Треперењето на ноздрите негови е ужас; 21ја рови со нога земјата и ѝ се восхитува на силата своја; оди спроти оружје; 22се смее на опасноста и не се плаши и не се отстранува од меч. 23Торба со стрели ѕвечка на грбот негов, болскаат копјето и топузот; 24#Зах 6,7од немир и јарост голта земја и не може да стои при трубен звук; 25#4 Мојс 10,9; 31,6штом ќе засвири трубата, тој вришти и оддалеку ја претчувствува битката, громкиот глас на војводите и викот. 26#Ер 8,7Поради твојата мудрост ли лета јастребот и ги насочува крилјата свои кон југ? 27#Ер 49,16; Авд 1,4На твојот збор ли се издига орелот и си вие гнездо на високо? 28Тој живее на карпа и ноќева на врв од стрмнината и на непристапни места; 29оттаму ја здогледува храната своја: очите негови гледаат далеку; 30#Мт 24,21и малечките негови пијат крв; каде што има труп, таму е и тој.“
Селектирано:
Јов 39: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006