Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Јов 38:1-11

Јов 38:1-11 MK2006

Тогаш Господ му одговори на Јов од бурата и рече: „Кој е тој што го замрачува Про­видението со зборови без смисла? Препашај ја сега половината своја како маж, Јас ќе те прашувам, а ти објаснувај Ми: Каде беше ти кога ги поставував основите на земјата? – кажи, ако знаеш. Кој ѝ ги определи мерките, знаеш ли? Кој го оптегнува јажето околу неа? Врз што се зацврстени основите нејзини? Кој ѝ го положи аголниот камен, кога ликуваа утринските ѕвезди, и кога сите Божји синови извикуваа од радост? Кој го затвори морето со врата, кога тоа се истргна, та излезе како од утроба; кога облаците ги направив негова облека и маглата – негова повивка; кога му ја дадов Мојата наредба и му наместив клучалки и врата; кога му реков: ‚Дотука ќе дојдеш и нема да преминуваш, и тука е границата на твоите горди бранови?‘

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност