Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Јов 27

27
Одговор на Јов (продолжение): виновниот ќе Го повикува ли Бога?
1Го продолжи Јов својот возвишен збор и рече: 2#19,25„Жив е Бог, Кој ме лиши од суд, и Седржителот, Кој ја огорчи душата моја, 3#14,14зашто, додека уште здивот мој е во мене и духот Божји во ноздрите мои, 4#6,28устата моја нема да проговори неправда и јазикот мој нема да ис­каже лага! 5#19,28Далеку е од мене мислата да ве признаам за справедливи; додека не умрам, нема да отстапам од својата непорочност. 6#16,17Цврсто ја држев правдата своја и нема да отстапам од неа; нема да ме прекори срцето мое во сите денови мои. 7#13,4Непријателот мој ќе биде како безбожник, и оној што станува против мене – како беззаконик. 8#13,9Зашто, каква надеж за лицемерниот, кога Бог ќе ја земе, кога ќе ја истргне душата негова? 9#13,10Ќе го чуе ли Бог викањето негово, кога ќе го снајде неволја? 10#13,11Ќе се утешува ли тој со Седржи­телот и ќе Го повикува ли Бога во секое време? 11#13,6Ќе ви кажам што има во раката Божја; нема да сокријам што има кај Седржителот. 12#5,27Ете, сите сами видовте; па зошто толку празни зборови кажувате?
Краткотраен успех
13 # 20,29 Ете, тоа е делот од Бога за беззаконикот и наследство што насилниците го добиваат од Седржителот. 14#5,4Ако синовите негови се умножу­ваат, меч ги чека; потомците негови нема да се наситат со леб. 15#18,17Оние што ќе останат по него, смртта ќе ги турне в гроб, а вдови­ците нивни нема да плачат по нив. 16#20,28И да натрупа купишта сребро како прав и да приготви многу облека, како земјен нанос, 17#20,10тој ќе приготви, но ќе се облекува праведникот, а непорочниот ќе го добие среброто како свој дел. 18#20,26Си гради куќа како молец и како чувар си прави колиба; 19легнува да спие богат, и не станува таков; отвора очи, и не е повеќе тој. 20#20,25Ужаси како голема вода ќе го стигнат; ноќе ќе го грабне луња. 21#18,21Ќе го крене источниот ветар и виор ќе го понесе, и брзо ќе го однесе од местото негово. 22#15,20Бог ќе го допушти тоа врз него и нема да го пожали, колку и да се труди да избега од рацете Негови. 23#20,27Ќе заплескаат со рацете по него и ќе му потсвирнат од местото негово!“

Селектирано:

Јов 27: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се