Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Јов 12

12
Одговор на Јов: Бог – неумолив деспот
1Пак одговори Јов и рече: 2„Само вие ли сте луѓе, и со вас ли ќе исчезне мудроста!? 3#13,2И јас знам да мислам како вас; и во ништо не сум подолен од вас; и кој не го знае истото тоа? 4За потсмев станав јас на пријателот свој, јас што Го повикував Бога, и Кој ми одговараше, – за потсмев е – праведниот и непорочни­от човек. 5Презир заслужува несреќниот – такви се мислите на среќните, еве што се спрема за оние, чии нозе се сопнуваат. 6#21,7Спокојни се шаторите на крадците и безопасни на оние што Го гневат Бога, ним Бог им дава сѐ. 7#38,39–39,30; Мт 6,26Но, прашај го добитокот, и ќе те научи; запрашај ја небеската птица, и ќе ти објасни. 8Разговарај со Земјата и таа ќе те поучи, прашај ги рибите морски и тие ќе ти кажат. 9Кое од сите созданија не знае дека раката на Господ го создаде тоа? 10#34,14; 4 Мојс 16,22; 27,16; Дан 5,23Во Неговата рака е душата на сѐ што е живо и духот на секоја човечка плот. 11#34,3Нели увото ги разбира зборовите, и нели јазикот го распознава вкусот на храната? 12#8,8; 32,7Кај старците има мудрост, а кај долговечните – разум. 13#Ис 11,2; Изреки 8,14Но во Него има мудрост и сила, Негови се решението и разумот. 14#Пс 127,1; Ис 22,22Она што Тој ќе разурне, нема да се изгради: кого Тој ќе затвори, нема да се ослободи. 15#Откр 3,7Да ги запре водите, и сѐ ќе се исуши; да ги пушти, и земјата ќе ја разрушат. 16#1 Цар 22,23Во Него е силата и сета мудрост, пред Него е оној што е заблуден, и оној што воведува во заблуда. 17Тој ги приведува советниците во необмисленост и ги прави судиите безумни. 18#Дан 2,21Тој ги лишува царевите од власт и го врзува со јаже крстот нивни; 19#34,19.20на кнезовите им го одзема достоинството и силните ги кутнува; 20им го одзема јазикот на говорниците и ги лишува од разум старците; 21#Пс 107,40ги покрива со срам славните и ја ослабнува силата на моќните: 22ја открива темнината во длабините и ја вади на видело смртната сенка; 23#Дела 17,26ги издигнува народите и ги истребува; ги распрснува и ги собира; 24#Пс 107,40им го одзема умот на кнезовите земни и ги остава да лутаат во беспатна пустина: 25со пипање одат тие по темнина, без светило скитаат како пијани.“

Селектирано:

Јов 12: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се